Алексиј Јанински
| Алексиј | |
|---|---|
Αλέξιος | |
| Роден(а) | ? Јанина, Отоманско Царство |
| Националност | Отоманец |
| Народност | Грк |
| Занимање | зограф, иконописец |
| Познат(а) по | цркви и манастири |
| Значајни дела | во текстот |
Алексиј или Алексиос (грчки: Αλέξιος) — грчки свештеник и зограф од XIX век.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во градот Јанина, Епир, денес во Грција. Станал свештеник и започнал да се занимава со иконопис. Во 1732 г. ги изработил иконостасните икони и живописот во католиконот на Роженскиот манастир, Пиринска Македонија. Две години подоцна, односно во 1734 г. ја живописал црквата „Св. Мина“ во с. Горно Маало, Загорско. Според двата натписа во храмот, Алексиј и брат му Анастасиј се автори на фреските во црквата „Св. Атанасиј“ во Дурмани, Берско — во 1736 г. го насликале наосот, а во 1744 г. нартексот. Се потпишале со „χειρ Αναστασίου και Αλεξίου ιερέος τον αυταδέλφον εκ τόπου Ιωαννίνων“. Дело на Алексиј се иконите на Христос Седржител и Пресвета Богородица (1749) во „Успение на Пресвета Богородица“ во населичкото село Либохово. Негово дело е и живописот во манастирот „Св. Давид Стари“ во Ровиес на островот Евбеја.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Дела на Алексиј Јанински во Роженскиот манастир, 1732 г.
- Томиното Неверство, фреска од наосот
- Царска икона на Христос Благословувач
- Царска икона на Богородица Патеводителка
- Климент Римски
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις) (грчки). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 152. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=(help)