Алексис Караливанос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Aleksis Karalivanos greek struggle.jpg
Роден ?
Кожани, денес Грција
Починал ?
 ?


Алѐксандрос или Алѐксис Каралѝванос (грчки: Αλέξανδρος, Αλέξης Καραλίβανος) е грчки андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Караливанос е роден во градот Кожани. Со засилувањето на грчката воружена пропаганда дејсвувал со Павлос Мелас и Георгиос Цондос [1].

На 12 октомври 1904 година Алексис Караливанос ја помагал четата на Мелас во нападот врз екзархиските куќи во Неред, но нападот бил одбиен откако се убиени 5 лица од месното население [2].

Алексис Караливанос.

На 4 декември 1904 година заедно со Георгиос Цондос и Хризостомос Хрисомалидис во Либешево го ликвидирал војводата на ВМОРО Костандо Живков.

Караливанос во јануари 1905 година е уапсен од турските власти и е изпратен во битолскиот затвор.[3]

Германос Каравангелис го определува Алексис Караливанос како:

... некогашниот разбојник Караливанос и верен инструмент на Несад паша[4].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Αλέξης Καραλίβανος
  2. Λιθοξόου, Δ. - Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Φλώρινας
  3. Η δράση των σωμάτων του Βάρδα (Ιανουάριος 1905)
  4. Каравангелис, Германос, „МАКЕДОНСКАТА БОРБА (СПОМЕНИ)“, приложение към „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ, ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 357.