Алексеј Смертин
| Алексеј Смертин | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Полно име | Алексеј Генадијевич Смертин | ||
| Роден на | 1 мај 1975 | ||
| Роден во | Барнаул, СССР | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,76 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | среден ред | ||
| Повлекување | 2009 (34 г.) | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1992-1993 |
| 51 | (1) |
| 1994-1997 |
| 124 | (13) |
| 1997-1998 |
| 26 | (3) |
| 1998-2000 |
| 122 | (18) |
| 2000-2003 |
| 28 | (2) |
| 2003-2006 |
| 16 | (0) |
| 2003-2004 |
→ | 26 | (0) |
| 2005-2006 |
→ | 18 | (0) |
| 2006 |
| 22 | (0) |
| 2007-2008 |
| 22 | (0) |
| Репрезентација | |||
| 1998-2006 |
| 55 | (0) |
Алексеј Генадијевич Смертин (роден на 1 мај 1975 година, во Барнаул) — руски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци во Русија
[уреди | уреди извор]Роден во Барнаул, Сибир, тој започнал да игра фудбал во локалниот клуб, Динамо Барнаул, пред да се пресели во Зарја Ленинск-Кузнецкиј, каде поминал три години играјќи 124 натпревари. Во 1998 година играл за Уралан Елиста, а следната година добил повик од Локомотив Москва, со кој го освоил Купот на Русија и, на индивидуално ниво, наградата руски фудбалер на годината.
Бордо
[уреди | уреди извор]Во 2000 година, Смертин потпишал за францускиот клуб Бордо, со кој дебитирал во првенството на таа земја против Мец (натпреварот завршил 1-1).[1] Откако пристигнал во Жиронда како речиси целосен анонимец, тој брзо си издвоил важно место во францускиот клуб, станувајќи клучен столб на средниот ред, а исто така бил ценет и од навивачите.[2]
На бреговите на Гарона, тој со клубот го освоил Лига купот на Франција во сезоната 2001-2002, играјќи ги сите натпревари на турнирот и постигнувајќи еден гол (во второто коло против Кан).
Челси, Портсмут и Чарлтон
[уреди | уреди извор]Во август 2003 година, Смертин бил купен за 4,5 милиони евра од страна на Челзи на Клаудио Раниери, кој штотуку бил преземен од неговиот сонародник Роман Абрамович.[3][4] За сезоната 2003-2004, тој бил позајмен на Портсмут, со кој дебитирал во Премиер лигата во натпревар против Вулверхемптон (0-0) на 30 август 2003, заменувајќи го Стив Стоун во 68-мата минута.
По една сезона на заем на Фратон Парк, во која забележал неколку импресивни настапи - пред сите, оној во победата со 1-0 над Манчестер Јунајтед, тој се вратил во Челси. Сепак, таму работите се промениле во меѓувреме така што Раниери си заминал и бил заменет на клупата од Жозе Мурињо. Мурињо си изградил свој среден ред, потпишувајќи го сонародникот Тијаго Мендес, кој бил додаден на играчите кои веќе биле во тимот како Френк Лампард, Клод Макелеле, Џереми и Скот Паркер. Смертин одиграл само мала улога во тимот на Челси кој ја освоил титулата во сезоната 2004-2005, но имал доволно настапи за да добие медал (вкупно 16). Својот прв и единствен гол за „Сините“, го постигнал во победата од 3–1 над Порто во Лигата на шампионите.[5]
По завршувањето на сезоната со Челси, тој бил прогласен за вишок и морал да бара нова средина. На крајот рускиот играч заминал на нова позајмица за сезоната 2005–2006, приклучувајќи му се на Чарлтон Атлетик, кој станал неговиот трет клуб од Премиер лигата за кој настапувал.[6] Во Чарлтон, тој бил стартер и имал неколку импресивни настапи, но го напуштил клубот пред завршувањето на сезоната за да се врати во татковината.
Динамо Москва и Фулам
[уреди | уреди извор]Во март 2006 година, тој се вратил во Русија потпишувајќи за Динамо Москва, за сума од 1 милион фунти.[7] Смертин одиграл вкупно 22 натпревари за клубот пред да се најде на трансфер-листата, заедно со неколку други новопотпишани играчи, како што биле Маниче, Франсиско Лима, Коштиња и Јуркас Сеитаридис во масовниот обид на Андреј Кобелев за обнова на тимот за новата сезона.

Откако Смертин бил ослободен од Динамо Москва, тој се вратил во Англија, потпишувајќи договор со Фулам во траење на две и пол години, според кој требало да остане во клубот до летото 2009 година.[8] Тој бил стартер во поголемиот дел од првите натпревари од сезоната 2007-2008, но доаѓањето на друг играч од средниот ред Дани Марфи во последниот ден од летниот трансферен прозорец ги ограничило неговите можности за игра. Покрај тоа, тој страдал од неколку проблеми со повреди, но дури и кога бил во форма, Сајмон Дејвис и Марфи често биле претпочитани како двојка во средниот ред пред него. На 1 септември 2008 година, откако Смертин одбил да оди на позајмица во Кардиф Сити, тој и Фулам го раскинале неговиот договор со непосреден ефект.[9]
Откако една сезона останал без клуб, во јули 2009 година, Смертин го објавил своето пензионирање од фудбалот на 34-годишна возраст.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Своето деби за руската фудбалска репрезентација, Смертин го имал на 14 октомври 1998 година, во поразот со 1-0 во Рејкјавик од Исланд, во квалификациски натпревар за Европското првенство 2000; сепак, неговото деби не минало добро, бидејќи тој бил исклучен поради добивање два жолти картони.[10]
Со руската репрезентација, тој учествувал на Светското првенство 2002 и Европското првенство 2004 (и на двете елиминирани уште после првата фаза).
Вкупно во дресот со националниот грб, Смертин одиграл 55 натпревари без постигнат гол.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]- Локомотив Москва
- Куп на Русија : 1
- 1999–2000
- Бордо
- 2001-2002
- Челси
Премиер лига : 1 :
- 2004-2005
Поединечни
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „FC Girondins Bordeaux - FC Metz, 29/lug/2000 - Ligue 1 - Cronaca della partita“. www.transfermarkt.it (италијански). Посетено на 2025-01-01.
- ↑ „Les Fiches“. Onze Mondial (француски). Бр. 170. 2002. ISSN 0995-6921.
- ↑ „Chelsea bag Smertin“ (англиски). 2003-08-25. Посетено на 2025-01-01.
- ↑ „Chelsea seal Smertin deal“ (англиски). Sky Sports. Посетено на 2025-01-01.
- ↑ „Chelsea 3–1 Porto“. BBC Sport. 29 September 2004. Посетено на 7 November 2009.
- ↑ „Charlton snap up Smertin on loan“. BBC. 15 July 2005. Посетено на 6 August 2014.
- ↑ Smertin completes move to Moscow BBC Sport, 15 March 2006, Retrieved 14 October 2007
- ↑ Fulham complete Smertin signing BBC Sport Online, 27 January 2006, Retrieved 14 October 2007
- ↑ „Midfielder Smertin leaves Fulham“. BBC Sport. 1 September 2008. Посетено на 21 November 2020.
- ↑ „Islanda - Russia, 14/ott/1998 - Qualificazioni Europei - Cronaca della partita“. www.transfermarkt.it (италијански). Занемарен непознатиот параметар
|accesso-date=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Алексеј Смертин на soccerway
- Алексеј Смертин на transfermarkt
- Алексеј Смертин на espn
- Алексеј Смертин whoscored