Алекса Митаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алекса Митаноски — македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во ослободувањето на Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Алекса Митаноски е роден во 1870 година во селото Кладник, кичевско. Тој бил најпознатиот револуционер од селото Кладник, и бил многу почитуван во кичевско.[1]

Во македонска револуционерна организација се приклучил од скоро самите почетоци на организацијата. Долги години се борел против османлиската војска. Бил член во четата на далеку прочуениот војвода, Јордан Пиперката. Заедно со него и четата во 1901 година воделе битка кај селото Белица против османлиската војска. Како дел од јордановата чета бил дел и од други битки против османлиската војска.[1]

Извори[уреди | уреди извор]


  1. 1,0 1,1 1,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.