Александaр Ников

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Александaр Ников бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден e во Битола, Ников станува деец на македонското национално - ослободителното движење на Македонија и се вклучува во редовите на ВМОРО . Потоа станува секретар на Централниот комитет на организацијата.

На 23 јануари 1901 година (стар стил) започнала Солунската афера. Таа ноќ турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев - Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија [1]. Иако тие тројца биле предупредени да внимаваат заседнале во една грчка гостилница и притоа започнале да дискутираат на висок тон, а некој од нив извадил на масата доверливи документи на Организацијата. Биле забележани од гостилничарот кој ги пријавил кај властите, а тие по излегувањето од гостилницата од страна на турската жандармерија биле уапсени во една од улиците по што биле однесени во вилаетското полициско оделение. Таму кај нив покрај оружје биле пронајдени и доверливи документи на Организацијата. имено кај Александар Ников била пронајдена покана за последното заседавање на Централнот комитет, кај Милан Михајлов биле пронајдени револвер и кама, а кај Кочо Карловалијата била пронајдена кама на која бил изгравиран лозунгот Слобода или смрт [1].

Додека се наоѓале во притвор Александар Ников го искористил невниманието на стражарот и избегал но за таа случка разбрал целиот Солун. Александар Ников живеел заедно со Милан Ризов и четникот Кочо Христов Чонка и по бегството веднаш таму се засолнил но живеалиштето било посочено од Милан Михајлов и полицијата извршила упад при што четникот Кочо Чонка бил уапсен, а Ников и Милан Ризов успеале да побегнат низ прозорот. По бегството на Александар Ников и Милан Ризов полицијата започнала со претрес по куќите каде тие би можеле да се кријат.

Додека траеле претресите истовремено продолжила и потерата по Александар Ников и Милан Ризов. Тие се засолниле на еврејските гробишта, а нив им се придружил и Тодор Иванов - Серменинчето. По дискусијата решиле да го напуштат Солун и да се засолнаат во некоја од четите и затоа Анго Арабаџијата и мајсторот Андон Ангелов подготвиле специјална кола и заедно со бегалците на 28 јануари го напуштиле градот. Но на четврт час од Солун кај месноста Тумба биле престигнати од турака потера и тогаш Александар Ников се самоубил, а останатите биле уапсени [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Pierre d’ Espagnat - Avant le massacre (Roman de la Macedoine actuelle) - Македония - политическо и научно литературно списание г. I кн. VII, София, 1922
  2. Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995