Прејди на содржината

Александaр Востоков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александaр Востоков

Александар Христофорович Востоков (руски: Алекса́ндр Христофо́рович Восто́ков; 27 март 1781 - 20 февруари 1864) бил еден од првите руски филолози.[1]

Роден е во балтичко-германско семејство во Куресаре, Ливонска губернерија и студирал на Царската академија на уметностите во Санкт Петербург. Тој сакал да експериментира со јазикот и во една од неговите песни го претставил женското име Светлана, кое се здобило со популарност преку истоимената балада од Василиј Жуковски.[1]

Востоков бил познат за време на неговиот живот како поет и преведувач, но најголемо влијание имала неговата словенска граматика од 1820 година. Студирал српска кирилица низ историјата, на достапни пишани споменици. Преведувал српски народни песни на руски јазик (1824-1826) и ги објавувал во руски списанија. Тој бил еден од основачите на словенската филологија, дописен член на Друштвото за српска литература од 1851 година.

Во 1815 г. се придружил на персоналот на Националната библиотека на Русија, каде што ја открил најстарата книга напишана на словенски јазик, т.н. Евангелие од Остромир. Во 1841 г. тој бил избран во Руската академија на науките[1]. Делата на Востоков за црковнословенскиот јазик добиле висока оценка од славистиката.

Тој ги поставил и темелите на современата руска топонимија. Во 1812 г. објавил статија под наслов „Пример за аматери по етимологија“ (англиски: An example to the amateurs of etymology),[2], каде што тој тврдел дека географските имиња (топоними) имаат елементи што се повторуваат, кои ги нарекол форманти, и кои помагаат да се утврдат етимолошки имиња. На пример, завршките -ва, -га и -ма на крајот од имињата како Силва, Онега и Кама, може да значат „вода“ на јазиците од кои потекнуваат овие имиња[3]. Иако овој напис не добил доволно внимание за време на животот на Востоков, тој подоцна добил признание, а Востоков се наведува како еден од основачите на топонимијата во Русија.[4]

  1. 1,0 1,1 1,2 Востоков Александр Христофорович (1781–1 [[Податотека:Alexandr Vostokov.jpg|мини|Александар Востоков]] 864). Moscow: Учреждение Российской академии наук Институт русского языка им. В. В. Виноградова РАН и ООО "Словари.ру". Посетено на 7 јануари 2012. line feed character во |script-title= во положба 44 (help); URL–wikilink conflict (help) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „slovari“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. Востоков, Александр Христофорович (1812). Задача любителям этимологии. Сакт-Петербургский вестник. Saint Petersburg. 4.1. (2): 204–288.
  3. Полищук, В. В. „Jur-portal.ru“ Древние тайны русского слова "Тюмень". ИА Трейд.Су. Архивирано од изворникот на 5 март 2016. Посетено на 7 јануари 2012.
  4. Успенский, Лев Васильевич (2008). Загадки топонимики. Аванта: Мир Энциклопедий. Moscow: ВКТ Владимир. стр. 260. ISBN 978-5-17-058250-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]