Александровачко Езеро
| Александровачко Езеро | |
|---|---|
| Вид | Вештачко езеро |
| Сливни земји | Србија |
| Најг. должина | 0,5 км |
| Најг. ширина | 0,25 км |
| Површина | 0,12 км2 |
| Прос. длабочина | 2,5 м |
| Надм. височина | 400 м |
![]() | |
Александровачко Езеро — вештачко езеро кое се наоѓа на 7-8 км југозападно од Врање. Долго е 500 м, најголема ширина му е 250 м, а површината е во облик на елипса[1] и изнесува околу 0,12 км2. Просечната длабочина е околу 2,5 м. Направено е во 1964 година за потребите за наводнување со помош на системот капка по капка на земјоделскиот комбинат „Пољопродукт“, кој првобитно се грижел за езерото.
Езерото некогаш било омилено излетничко место за жителите на Врање. Потоа долго време било запоставено. Во неколку наврати имало големи помори на риби, а повеќе пати било преуредувано со различни технички решенија и порибувано. Последниот голем помор на риби се случил во декември 2012 година, под замрзнатото езеро.[2]
Со водите на езерото управува Рибарското здружение „Ветерница“ од Лесковац.
Галерија
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ УСР Моравица: Александровачко језеро Архивирано на 20 јануари 2013 г., Приступљено 18. 1. 2013.
- ↑ „Риболов: Пријава „Ветерници" због помора риба у Александровачком језеру, 10. јануар 2013“. Архивирано од изворникот на 11. 04. 2014. Посетено на 19. 01. 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=(help)
Литература
[уреди | уреди извор]- Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2.
- Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)
