Прејди на содржината

Александра Димитрова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александра Димитрова
Роден/а20 септември 1977
Македонија Скопје, Македонија
ЗанимањеПоет

Александра Димитрова (20 септември 1977, Скопје) — македонска поетеса. Дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2001 година. Таму и магистрирала со магистерската теза со наслов „Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски“.[1]

Живее и работи во Скопје.

Книжевно творештво

[уреди | уреди извор]
  • „Вежби за правилно дишење“ (поезија, 2002)
  • „Јас-Ти“ (поезија; дел од мултимедијален проект, 2004)
  • „Божица на подивените мачки“ (поезија, 2008)
  • „Во аквариумот на Барби“ (поезија, 2009)
  • „Дупка“ (поезија, 2019)

Има објавено свои песни во „Lettre International“, „Стремеж“ и „Мугри“. Нејзината поезија е преведена на германски, англиски, турски, словачки и српски јазик. Александра Димитрова освен поезија пишува и проза, како и книжевна критика. Автор е на блогот: www.bonbonce.blogspot.com.[1]

  • Награда „Антево перо“ за Дупка (2019)[2]
  1. 1,0 1,1 Александра Димитрова на семрежното место на Блесок
  2. „Наградата Антево перо за Александра Димитрова“. Архивирано од изворникот на 2021-06-20. Посетено на 2020-05-31.