Александер Фредро
| Гроф Александер Фредро | |
|---|---|
Портрет од Александер Рачински | |
| Роден/а | 20 јуни 1793 Сурохув во близина на Јарослав |
| Починат/а | 15 јули 1876 (возр. 83) Лавов |
| Јазик | Полски |
| Националност | Полјак |
| Значајни дела | Одмаздата, Дами и хузари, Белешки на еден старец |
Александер Фредро (20 јуни 1793 - 15 јули 1876) — полски поет, драматург и автор активен за време на полскиот романтизам во периодот на поделбите од соседните империи. Неговите дела, вклучувајќи драми напишани во осмерци (Zemsta) и во проза (Damy i Huzary), како и басни, припаѓаат на канонот на полската книжевност. Фредро бил остро критикуван од некои негови современици поради неговиот лежерен хумор, а според некои дури и за наводен неморал (Sewern Goszczyński, 1835 г.), што довело до години на негово книжевно молчење. Многу од десетиците драми на Фредро биле објавени и популаризирани дури по неговата смрт. Неговите најпознати дела биле преведени на англиски, француски, германски, руски, чешки, романски, унгарски и словачки јазик.[1]
Биографија
[уреди | уреди извор]Грофот Александер Фредро, до потекло од семејството Бонча, бил роден во селото Сурохув во близина на Јарослав, тогашна територија на австриската круна. Тој бил син на земјопоседник и бил школуван дома. Влегол во полската војска на 16-годишна возраст и учествувал во Наполеоновите војни, вклучувајќи ја и Московската кампања. Неговите мемоари „Topsy Turvy Talk“, кои го одразуваат стилот на „Тристрам Шенди“ од Лоренс Стерн, ги раскажуваат неговите воени искуства за време на последната кампања на Бонапарта. Додека бил во Франција во 1814 година, тој активно се интересирал за француската драма. Откако ја напуштил војската, се населил на својот имот и започнал да пишува.
Фредро го направил своето книжевно деби во 1817 година, но не бил заинтересиран за проблемите на романтизмот. Неговото прво дело било „Mąż i żona“. Пишувал социјални комедии за начинот на живот на полското благородништво и е познат по неговата вештина во карактеризацијата и заплетот, како и по флексибилноста на неговиот јазик. Неговото творештво, исто така, содржи хумор типичен за народниот театар од романтичниот период и брза фарса со различен степен на софистицираност.
Две од басните на Фредро, „Мајмунот во кадата“ (Małpa w kąpieli) и „Павел и Гавел“ (Paweł i Gaweł), се сметаат за едни од најпопуларните детски приказни во земјата.[1] Неговата најпозната комедија, „Zemsta“ (Одмаздата), била адаптирана за екранот во Полска од страна на еминентниот филмски режисер Анджеј Вајда во 2002 година.


Фредро бил дедо по мајчина линија на поглаварот на Украинската католичка црква, митрополитот Андреј Шептицки. Тој бил обележан на полска поштенска марка издадена во 1978 година.
Починал на 15 јули 1876 година во Лавов и бил погребан во семеен гроб во католичката црква „Успение на Пресвета Богородица" во Рудки.
Комедии
[уреди | уреди извор]- Г-дин Гелдхаб (Pan Geldhab, напишано во 1818 година и за првпат изведено во 1821 година)
- Маж и жена (Mąż i żona, изведена во 1812 или 1822 година)
- Дами и Хузари (Damy i Huzary), напишано во 1825 година)
- Г-дин Џовијал (Pan Jowialski, напишано и изведено во 1832 година)
- Заветите на девојките, или Магнетизам на срцето (Śluby panieńskie, czyli magnetyzm serca, изведено во 1833 година)
- Одмаздата (Zemsta, напишана во 1833 година, првпат изведена во 1834 година)
- Ануитетот (Dożywocie, напишано и изведено во 1835 година).
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Halina Floryńska-Lalewicz (May 2004). „Aleksander Fredro - życie i twórczość (Life and Work)“ (полски). Olsztyńskie Towarzystwo Inicjatyw Kulturalnych - Kulturalna Polska. Посетено на December 9, 2012.[мртва врска]Halina Floryńska-Lalewicz (May 2004). "Aleksander Fredro - życie i twórczość (Life and Work)"[мртва врска] (in Polish). Olsztyńskie Towarzystwo Inicjatyw Kulturalnych - Kulturalna Polska. Retrieved December 9, 2012.
- European Authors 1000-1900. Bronx: The H. W. Wilson Company. 2000. ISBN 0-8242-0013-6.
- McGraw-Hill encyclopedia of world drama (2nd. изд.). McGraw-Hill, Inc. 1984. ISBN 0-07-079169-4.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Александер Фредро во Culture.pl
- Собрани дела од Александер Фредро (на полски)