Александар Шоповски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Наумов Шоповски (22 ноември 1923 во Цапари, битолско — 17 март 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Наумов Шоповски е роден на 22 ноември 1923 година во селото Цапари. По занимање бил шивац. Кон НОБ се приклучил во август 1944 година. Бил борец во составот на седмата македонска бригада, со која што учествувал во борбите на Сремскиот фронт. Загинал на 17 март 1945 година кај Врпоље.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)