Александар Чоловиќ
| Александар Чоловиќ | |
|---|---|
Александар Чоловиќ во 2014 | |
| Земја | Македонија |
| Роден(а) | 6 јануари 1976 Скопје, Македонија |
| Титула | Велемајстор (2013) |
| Врвно котирање | 2516 (ноември 2013) |
Александар Чоловиḱ — македонски шаховски велемајстор. Во 2016 година, Чоловиќ бил избран за генерален секретар на Здружението на шаховски професионалци, а во 2019 година бил избран за претседател на истото здружение.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Чоловиќ е роден во Скопје во 1976 година и има диплома по англиски јазик и книжевност. Зборува англиски, шпански, италијански, руски, македонски, српски и бугарски јазик.[2]
Има една сестра, биологот Ана Чоловиќ Лешоска
Шаховска кариера
[уреди | уреди извор]Чоловиќ победил на Отвореното првенство во Малага во 2005 година. Учествувал на 3 шаховски олимпијади и 2 Европски тимски првенства. Исто така, освоил 18 национални тимски титули во Македонија, и постигнал најдобар резултат (според процентот) на табла 4 со 5,5 од 7 на Европскиот клупски куп во 2015 година во Скопјe. Имал најдобар резултат во македонскиот тим (7 од 10) на 42. Шаховска олимпијада.[3]
Чоловиќ работел и како шаховски тренер по шах, со својот ученик, Марина Брунело, освојувајќи златен медал на 43. Шаховска олимпијада . Во 2017 година, под водство на Чоловиќ како тренер на женската репрезентација на Македонија, тимот го освоил 20. место на Европското екипно првенство во шах на Крит.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The ACP Board - ACP“. www.chessprofessionals.org. Архивирано од изворникот на 2021-05-14. Посетено на 2021-05-15.
- ↑ „Learning Languages I“. GM Alex Colovic (англиски). 2020-05-13. Посетено на 2021-05-15.
- ↑ „Chess-Results Server Chess-results.com - 42nd Olympiad Baku 2016 Open“. chess-results.com. Посетено на 2021-05-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Александар Чоловиќ — лични податоци на страницата ФИДЕ (англиски)
- Александар Чоловиќ — профил и партии на ChessGames.com (англиски)
- Aleksandar Čoloviḱ chess games at 365Chess.com
| ||||||