Прејди на содржината

Александар Томов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Томов (1944, Софија, Бугарија) - бугарски писател, поет, драматург и сценарист.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Томов е роден во Софија, во 1944 година. Во родниот град дипломирал бугарска филологија, а потоа работел како уредник во Радио Софија и како сценарист во Бугарската кинематографија.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Најважни дела на Томов се: „Улицата кон предградието“, „Кварт на надежта“, „Света Ана“, „Сеќавање“, „Корупција“, „Ветерница“, „Луминисцентни балади“, „Птичја елегија“ итн. Најголем успех постигнал со романот „Корупција“ и со збирката „Птичја елегија“. Во неговиот опус доминира темата на предградието - преку јунаците на периферијата тој ги разработува проблемите на современиот човек.[1]

  1. 1,0 1,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 331.