Александар Свирски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Икона на Александар Свирски од 18 век.

Александар Свирски или Александар од Свир (1448–1533) бил Источно православен светец, монах и игумен на Руската православна црква[1].

Амос (крстено име) е роден во селско семејство во Новгородска Република, источно од Ладога. На 19-годишна возраст го напуштил домот во Манастирот Валаам и се замонашил. Во 1506 година, Серапион, Архиепископ Новгородски го назначил за игумен на манастирот Св.Троица, кој подоцна станал познат како Манастир Александар-Свирски.

Свети Александар стана познат по својот праведен живот и контемплативни чуда, вклучувајќи ги и појавувањата на Троица и Богородица со Светото Дете. Руската православна црква го канонизираше Александар Свирски во 1547 година. Неговиот ден на празникот се одбележува на 17 април и 30 август, според Источно православниот литургиски календар.

Моштите на свети Александар биле пронајдени на 17 (27 април) 1641 година. Според Вита на светителот, тие биле пронајдени нераспадливи[2].

На 22 октомври 1918 година беше отворен ковчегот со моштите на Александар Свирски.

Наводи[уреди | уреди извор]