Александар Ристески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Ристески
Роден 1973
Гостивар
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Александар Ристески (Гостивар, 1973 ) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Ристески е роден во Гостивар во 1973 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 1996 година, магистрирал во 2000, а докторирал во 2004 година. На факултетот се вработил веднаш по дипломирањето како помлад асистент, напредувал во асистент во 2001, доцент во 2005, вонреден професор во 2009 и редовен професор во 2014 година.[2] Во 2001, 2003 и 2004 бил на три научно-истражувачки престои во истражувачкиот центар Т. Ј. Watson на IBM, во Њујорк. Учествувал во наставата во по веќе предмети од областа телекомуникации, а вовел и неколку нови дисциплини (сигурносни комуникации, бизнис менаџмент во телекомуникациите) на додипломските и магистерските студии. Во мандатните периоди 2008-2012 и 2012-2016 бил избран на функцијата продекан за наука и меѓународна соработка. Во периодот 2005-2007 бил независен член во Одборот на директори на АД Македонски телекомуникации. Во 2009 е избран за претседател на Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика за четиригодишен мандатен период. Бил член на Организацискиот одбор за конференциите ЕТАИ и бил копретседател на конференцијата ЕТАИ 2009.

Автор/коавтор е на повеќе од триесет научни трудови, меѓу кои и објавени во реномирани меѓународни списанија како IEEE Journal of Lightwave Technology. Раководел и учествувал во повеќе домашни и меѓународни научно-истражувачки и апликативни проекти, финансирани од Европската комисија (TEMPUS, FP6), МОН и компании (IBM, „Македонски Телеком“, ЕСМ, „Македонски железници“). Негова потесна област на интерес се оптички комуникации, сигурносни комуникации и теорија на кодирање.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 222. ISBN 978-9989-630-58-3. |access-date= бара |url= (help)
  2. „Александар Ристески“. ФЕИТ. Посетено на 18 март 2021.