Александар Пандов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Александар Пандов (р. 1971 во Скопје) — поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а сега истакнат аналитичар. Како пратеник во Собранието на Македонија бил член на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Бугарија.[1]

Во 1997 година учествувал во студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје.[2] Како член на ВМРО-ВМРО (Вистинска македонска реформска опција, предводена од Борис Змејковски) тој претставува близок соработник на Борис Стојменов.[3]

Професионални ангажмани[уреди | уреди извор]

Бил директор на Радио РОС.[2]

Бил ангажиран од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко како директор на ланецот на обложувалници BetCity Balkan.[4][5][6]

Образование[уреди | уреди извор]

Завршил Филозофски факултет. Добро го познава англискиот јазик.[1]

Политички ангажмани[уреди | уреди извор]

По смената на Љубчо Георгиевски станува дел од фракцијата која ја предводи Марјан Ѓорчев. Потоа станува член на Земјоделската партија.

Во 2015 година тврди дека не е член на ВМРО ДПМНЕ.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 . „Пандов Александар“. Собрание на Република Македонија. конс. 11 ноември 2018. 
  2. 2,0 2,1 (27 декември 2014). „Koj e Пандов Александар?“. A1on.mk. конс. 11 ноември 2018. 
  3. (12 септември 2005). „Стојменов си замислува дека е Пенов!“. Vecer.mk. конс. 11 ноември 2018. 
  4. 'Goran Lefkov' (5 декември 2016). „Samsonenko: Successful in Macedonia-under scrutiny in Russia“. Scoop Macedonia. конс. 11 ноември 2018. 
  5. 'Андреј Захаров' (26 септември 2017). „Расследование РБК: как россиянин стал самым богатым человеком Македонии“. Журнал №10 (134). конс. 11 ноември 2018. 
  6. 'Андреј Захаров' (30 септември 2017). „Како еден Русин стана најбогатиот човек во Македонија“. МКД.мк. конс. 11 ноември 2018. 
  7. „Анализа 24. Гости: Александар Пандов и Александар Тортевски“. Трговско радиодифузно друштво 24вести ДООЕЛ Штип (основано од 24 Кабле ЛЛЦ Линц, Австрија) [1], Сопственик: Роберт Димитров [2]. 13 октомври 2015. конс. 23 ноември 2018.