Александар Невски (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Александар Невски“ (руски: Алекса́ндр Не́вский) — советски филм од 1938 година во режија на Сергеј Ејзенштајн, кој е автор и на сценариото, заедно со Пјотр Павленко. Музиката за филмот е дело на Сергеј Прокофјев. Главните улоги ги играат: Николај Черкасов, Николај Охлопков, Андреј Абрикосов и Дмитри Орлов. Ова е првиот звучен филм на Ејзенштајн, кој во 1939 година ја освоил наградата на Американското здружение на филмските критичари за најдобар странски филм.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот го прикажува обидот на тевтонските витези на Светото римско царство да го освојат Новгород во 13 век, но претрпуваат пораз од кнезот Александар.

Наводи[уреди | уреди извор]