Александар Митрев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Илиев Митрев ( 1926 во Велес16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од градско сиромашно семејство. Завршил основно училиште, па се доселиле во Скопје. Стапил во Треттата македонска ударна бригада и веднаш со неа заминал низ Македонија и некои краишта на Србија да се бори за разоружување и ликвидирање на заостанатите балистички банди. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година во жестока битка кај Врпоље, загинал заедно со уште десетици сонародници.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 94–95. На |first= му недостасува |last= (help)