Александар Литовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Александар Литовски (роден во Битола на 2 март 1967) е македонски историчар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Доц. д-р Александар Литовски е роден во Битола во 1967 година. Основно и средно образование заврши во родниот град. Во 1992 година, на Филозофскиот факултет во Скопје - група Историја, ја одбрани дипломска работа и се здоби со звањето - професор по историја. Во мај 2001 година ја одбрани магистерската теза со наслов “Врските и соработката на македонските националноослободителни движења од сите делови на Македонија во 1943 година”, а во јануари 2007 година и докторска дисертација со наслов “Македонската националноослободителна платформа во текот на Втората светска војна (1941-1944).” Вработен е како кустос-советник во Националната установа - Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола. Член е на Одделението за историско-географски науки и на Управниот одбот при Македонското научно друштво од Битола. Соработува со разни весници и списанија и е член на Здружението на новинари на Македонија. Автор е на повеќе рецензии на книги, изложби со историска тематика, повеќе научни статии и прилози, како и поголем број новинарски колумни, статии и есеи. Беше претседател на Уредувачкиот одбор на „Зборникот на трудови“ на НУ Завод и музеј - Битола до 2017 година. Автор е на 15 книги, брошури повеќе научни статии и прилози.

Творештво[уреди | уреди извор]

Монографии:

1. Пофалба на македонизмот - Есеи од историјата на македонизмот, Липекс, Битола, 2008, 127. 

2. Македонската националноослободителна платформа во Втората светска војна, Сојуз на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Скопје, 2008, 321.

3. Јубилејна хронологија на македонското националноослободително движење и антифашистичката борба во Македонија во 2011 година, Битола, 2011, 256.

4. Одбрана на македонизмот, МНД, Битола, 2012, 93.

5. Соработката на националноослободителните движења од Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија во Втора светска војна, Здружение на Македонците од Егејски дел на Македонија, Битола, 2012, 274.

6. За свеста и совеста, Скопје, Аз-буки, 2012, 273.

7. Споменици и спомен-обележја во Битола и Битолско, Битола, НУ Завод и музеј-Битола, 2012, 202.

8. Пофална епистола за Јане Сандански и санданизмот, Заедница на организациите на етничките Македонци, Битола, 2015, 170.

9. Антифашистички белешки, Заедница на организациите на етничките Македонци, Битола, 2015, 429.

10. Кратка историја на македонската левица, Прогрес-институт за социјална демократија, Битола, 2015, 116.

11. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2008, Битола, 2008, 37.

12. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2009, Битола, 2009, 62.

13. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2010, Битола, 2010, 84.

14. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2011, Битола, 2011, 112.

15. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2012, Битола, 2012, 145.

16. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2013, Битола, 2013, 166.

Брошури:

1. Деведесет години "АБЕЦЕДАР", МНД, Битола, 2015, 28.

Статии и прилози:

1. Влијанието од иницијативата за формирање на Балкански штаб врз програмско-политичките цели на македонското национално-ослободително движење во 1943 година, Гласник на ИНИ 45/1, Скопје, 2001, 27-37.

2. Македонското националноослободително движење и македонското национално прашање во Егејскиот дел на Македонија (октомври-ноември 1944 година), Историја 40/1-2, Скопје, 2004, 101-110.

3. Згрижувањето на бегалците од Егејскиот дел на Македонија во Битола и Битолско во 1945 година, Етничките промени во Егејска Македонија во XX век, Скопје, 2002.

4. Соработката на ослободителните движења на Македонија, Албанија, Грција и Бугарија и иницијативата за создавање на Балкански штаб во 1943 година, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, 15/2004 Битола, 57-70.

5. Руски документи за Македонија и македонското прашање -приказ-, Годишен зборник на Богословски факултет "Свети Климент Охридски" кн. 10, Скопје, 2004, 165-170.

6. Ставот на политичкото и военото раководство на ЦК на КПЈ/ВШ на НОВЈ спрема борбата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (август-октомври 1944), Гласник на ИНИ 49/1-2, Скопје, 2005, 343-352.

7. Местото и улогата на македонските партизански единици во Егејскиот дел на Македонија во ослободувањето на Битола и Битолско, Прилози на Македонското научно друштво - Битола, г. III, бр. 5-6, Битола, 2005, 215-222.

8. Застапеноста на еврејското и другите национални малцинства во политичката платформа на Македонското националноослободително движење од Вардарскиот дел на Македонија во текот на Втората светска војна, Зборник Историја 3 на Музеј на Македонија, Скопје, 2009, 101-105.

10. Битола и воено-политичкото дејствување на Македонското националноослободително движење од Егејскиот дел на Македонија во периодот ноември-декември 1944 г., Прилози на Македонското научно друштво - Битола, г. VII, бр. 11-12, Битола, 2010, 249-260.

11. Македонското националноослободително движење од Вардарскиот дел и македонското национално прашање во Егејскиот дел на Македонија (август-средина на октомври 1944 година), Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, 16/2013, Битола, 63-77.

12. Конференција на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола на 3 декември 1944 година, Прилози на Македонското научно друштво - Битола, г. IX, бр. 15-16, Битола, 2013, 237-246.

13. Крсто Љондев и убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, 17/2014, Битола, 7-18.

14. Прилог за убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола во 1926 година, Прилози на Македонското научно друштво - Битола, г. XI, бр. 19-20, Битола, 2015, 17-26.

15. Македонците од егејскиот дел на Македонија и Грција во 1945 година; Балканот: луѓе, војни и мир, Материјали од меѓународната научна конференција по повод 65 години од соновањето на Институтот за национална историја, Скопје 4-5 ноември 2013, Скопје, 2015, 383-394.

16. Ставовите на Ренос Михалеас за македонското национално прашање во 1944 година, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, 19/2016, Битола, 7-15.

17. ВМРО во стратегијата на Третиот Рајх (1943-1944), 70 години македонска историографија, Зборник на трудови од меѓународната конференција одржана на 13 и 14 декември 2016 година во Скопје, Скопје, 2016. (со коавтор Роберто Трајковски)

18. Прилог за животот на Васил Кораицовски, борец од Егејскиот дел на Македонија, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, бр. 20, Битола, 2017, 1-12.

19. Uspostavljanje sopstvenog identiteta, Jugoslavija u istorijskoj perspektivi, Beograd, 2017, 149-171. (со коавтор Љубица Јанчева)

Oд 2008 до 2014 година, сукцесивно секоја година, ги подготвува и објавува книгите-хронологии „Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија“.

Покрај тоа, бил еден од редакторите на брошурата „Наце Димов, Македонија, во минатото, во сегашноста и во иднината“ во 2013 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]