Александар Караѓулев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Караѓулев
Починал 1892
Софија

Александар Караѓулев Охридски е еден од позначајните македонски национални дејци од крајот на 19. век, кои дејствувале главно во Софија и кои се залагале за македонска национална засебност, продолжувајќи го на тој начин отпорот на Македонците против Бугарската егзархија. Инаку, Александар Караѓуле Охридски извесно време (1885 година) работел како одговорен уредник на весникот Македонски глас (и тоа почнувајќи од бројот 5. па до неговото укинување). Во последниот број од овој весник објавен е повик до сите Македонци во Бугарија со оружје да влезат во Турција и да се борат за ослободување на Македонија. Александар Караѓуле бил главен организатор и на Македонското читалиште во Софија (околу 1889 година). Под изговор дека е учесник во дејства против тогашната бугарска влада на Стефан Стамболов, Александар Караѓуле Охридски, е уапсен заедно со други Македонци (но и бугарски опозиционери) и истиот, на 08.07.1892, од страна на Софискиот суд е осуден на смрт. По тешките измачувања, овој смел Македонец е обесен истата година во Софија. Поради ѕверските мачења во софискиот затвор овој македонски патриот и музичар самиот си ја испеал песната Послушајте патриоти.