Александар Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Илиевски
Роден 24 декември 1938
Сулдурци, Радовишко, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање педагог
универзитетски професор

Александар Илиевски (роден на 24 декември 1938 година во село Сулдурци, Радовишко) — македонски педагог и универзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Илиевски завршил учителска школа и Филозофски факултет во Скопје (1964). Постдипломските студии ги започнал на Филозофскиот факултет во Белград, а магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1993), каде што и докторирал (1995). Работел како библиотекар на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет (1971–1995). По докторирањето бил избран за доцент, а потоа за редовен професор на Педагошкиот факултет во Скопје по предметот Дидактика. Објавил повеќе трудови на андрагошки теми.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Илиевски". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 597.