Александар Иванчев Александров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Aleksandar Aleksandrov.JPG

Александар Иванчев Александров бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Александров е роден во 1875 година во ортакьойското село Ѓаокче бунар, тогаш во Османлиската империја, денес Сив кладенец, Бугарија. Добива основно образование и кон крајот на 1902 година влегува во ВМОРО, станува раководител на револуционерниот комитет во своето родно село. Од 1904 година е нелегален четник при Димитар Загорски, подвојвода на Тане Николов и Тома Пожарлиев. Од зимата на 1905 година до крајот на 1907 година е самостоен војвода во Ференско, Суфлијско, Димотишко и Ортакаојско. Властите го осудуваат во отсуство на 101 години затвор. Во 1912 година при избувнувањето на Балканската војна дејствува со чета во Кушукавакско. Александар Александров умира во 1965 година во селото Одринци [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 6.
  2. Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 303.