Александар Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Томчев Ивановски (5 мај 1915 во Скопје1946 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно образование, а потоа го изучил чевларскиот занает. Уште во 1943 година организирано се вклучил во народно-ослободителната борба. Бил учесник во собирањето на потребната материјална помош. На 18 август 1944 година стапил во редовите на Четвртиот скопски партизански одред. Подоцна станал борец на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Уште како илегален борец против непријателот бил назначен за политички комесар на втората чета, на вториот баталјон. Неговата чета имала низа успешни борби и акции против непријателот. Бил учесник во сите борби што ги водела бригадата против непријателот, а учествувал и во уличните борби за ослободувањето на Скопје. Учествувал во текот на неколку зимски месеци во борбите против балистичките банди на Косово. Сето тоа оставило траги врз неговото здравје. Се разболел од белодробна туберкулоза, од која во почетокот на 1946 година починал. Неговите посмртни останки биле погребани на скопските гробишта.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 192. На |first= му недостасува |last= (help)