Александар Жупан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Жупан
Роден 6 март 1919
Струга, Кралство Србија
Починал 23 ноември 1983
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање архитект

Александар Жупан (роден на 6 март 1919 година во Струга - починал на 23 ноември 1983 година во Скопје) — македонски архитект.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Жупан дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1949). Специјализирал санитарна техника во Загреб. Го основал Одделението за санитарна техника при Централниот хигиенски завод во Скопје и бил негов раководител. Се занимавал со архитектонско проектирање на станбени, на општествени и на здравствени згради.

Позначајни реализирани објекти: Градско собрание во Кавадарци (1950); Народна банка во Кавадарци (1951); Градски театар во Струга (1952); Општа болница во Кавадарци (1955); Општа болница во Струга (1959); Онколошки институт во Скопје (1959).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Жупан“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 546. Text "series " ignored (help)