Александар Гаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Александар Гаревски (Гостивар, 5 ноември 1912Скопје, 10 септември 1988) — македонски градежен инженер и поранешен редовен професор на Градежниот факултет во Скопје.

Биографија[уреди | уреди извор]

Гаревски е роден во Гостивар, на 5 ноември 1912 година. Бил учесник во НОБ, делегат на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Дипломирал на Техничкиот факултет во Белград. По Втората светска војна бил заменик-министер за градежништво на Македонија, по што успешно завршил одговорна задача во „Хидроелектропроект“ – реализација на ХС „Маврово“. На Техничкиот факултет во Скопје работел од основањето. Одиграл пионерска улога во развојот на хидротехниката во СР Македонија, водејќи ја реализацијата на значајни хидротехнички објекти.

Бил проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 1965 до 1967 година. Од 1965 до пензионирањето во 1979 бил редовен професор на Градежниот факултет во Скопје по предметите хидраулика, хидрологија, речна хидротехника и водни патишта. Бил еден од доајените на хидротехниката во Македонија.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Напишал два учебника и неколку други трудови:

  • Хидрологија“ и
  • „Пловни патишта и пристаништа“.
  • Норми за истечните површински води на речните сливови во Македонија, Скопје, 1957.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Докторски дисертации“ (македонски). Градежен факултет - Скопје. конс. 2009-11-21.