Александар Архипенко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Архипенко
Роден(а)Олександар Порфирович Архипенко
30 мај 1887(1887-05-30)
Киев, Руска Империја (денес Украина)
Починал(а)25 февруари 1964(1964-02-25) (возр. 76)
Њујорк, Њујорк САД
ОбразованиеКиевска уметничка школа
Познат(а) повајар
Значајни делаБоксер, 1914
ПравецКубизам
ИзбранАмериканска академија за уметности (1962)

Александар Порфирович Архипенко (украински: Олександр Порфирович Архипенко; 30 мај 1887 - 25 февруари 1964) бил Американец, роден во Украина, авангардаен сликар, вајар и графичар.[1]

Тој бил еден од првите што ги примени принципите на Кубизамот во архитектурата и вајарството, анализирајќи ја човечката фигура претставена со геометриски форми.

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Архипенко е роден во Киев, Руска Империја, сега Украина во 1887 година, татко му бил Порфириј Антонович Архипенко а мајка Паросковја Василивна Мачова Архипенко, тој бил помладиот брат на Еуген Архипенко[2].

Од 1902 до 1905 година учел на Киевската уметничка школа (ККУ). Во 1906 година го продолжил образованието за уметност кај Сергиј Светославски (Киев), а подоцна истата година имал со Александар Богомазов изложба во истото училиште. Подоцна се пресели во Москва каде што имал можност да ја покаже својата работа на неколку групни изложби. Архипенко се преселил во Париз во 1908 година.

Во 1912 година Архипенко ја имал својата прва самостојна изложба на Карл Ернст Остхаус-музеј - Музеј Фолкванг во Хаген во Германија, а од 1912 до 1914 година предавал на сопствената Уметничка школа во Париз.

Архипенко се пресели во Ница во 1914 година. Во 1920 година учествувал на „Дванаесеттото биенале во Венеција“, Италија а го отворил и свое второ уметничко училиште во Берлин следната година. Во 1922 година, Архипенко учествуваше на „Првата руска ликовна изложба” во Галеријата ван Диемс во Берлин заедно со Александра Екстер, Казимир Малевич, Соломон Никритин, Ел Лисицки и други.

Во 1923 година емигрирал во САД, каде што учествувал на изложба на "Руски сликари и вајари". Тој станал државјанин на САД во 1929 година. Во 1933 година учествувал на украинскиот павилјон во Чикаго каде се одржувал Светскиот саем. Александар Архипенко со своите дела најмногу придонел за успехот на украинскиот павилјон[3].

Во 1936 година, Архипенко учествувал на изложбата „Кубизам и апстрактна уметност“ во Њујорк, како и на бројни изложби во Европа и на други места во САД. Тој бил избран за предавач на Американска академија за уметности и писма.

Александар Архипенко починал на 25 февруари 1964 година, во Њујорк[4].

Придонес во уметноста[уреди | уреди извор]

Архипенко, заедно со француско-унгарскиот вајар Јосиф Цсаки, изложувале на првите изложби за кубизмот, во Париз - 1910 и 1911, први по Пикасо[5]. Архипенко создал нов начин на гледање на човечката фигура, покажувајќи голема разновидност кон темите. Тој бил познат и по воведувањето вајарски празнини во неговите творби и по неговото инвентивно мешање на жанровите во текот на неговиот севкупен творечки пат: осмислувал „вајарски слики“, а подоцна експериментирал со материјали како што се акрилик и теракота. Инспириран од делата на Пикасо и Брак, тој е бил исто така заслужен за афирмацијата на колажот и тоа до поширока публика, особено со неговиот циклу „Медрано“[6].

Колекции[уреди | уреди извор]

Меѓу истакнатите колекции кои ги чуваат дела на Александар Архипенко се[7]:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. archipenko
  2. „Archipenko“. Архивирано од изворникот на 2020-05-22. Посетено на 2020-04-04.
  3. archipenko
  4. Alexander Archipenko
  5. “Alexander Archipenko: Space Encircled.”
  6. Архипенко, Олександер
  7. Alexander Archipenko (American/Ukrainian, 1887–1964)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]