Александар Анисимов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Александар Анисимов — руски диригент.

Биографија[уреди | уреди извор]

Анисимов е носител на звањето „доктор по музика Honoris Causa“ доделено од Ирскиот национален универзитет, како и признанието „Командант на францускиот орден за заслуги од највисок степен“.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 1980 година, Анисимов станал шеф-диригент на Бољшој театарот во Минск. Подоцна, работел како шеф-диригент на Националниот симфониски оркестар на Белорусија, диригент емеритус на Националниот симфониски оркестар на Ирска и уметнички диригент, шеф-диригент на Филхармонијата во Бусан, Јужна Кореја и шеф-диригент на Државната опера во Самара. Исто така, тој бил редовен гостин-диригент на Операта Киров и Снактпетербуршката филхармонија. Исто така, тој ја извршувал функцијата претседател на здружението „Рихард Вагнер“ во Ирска. Анисимов диригирал на бројни сцени ширум светот, како: Операта Киров, Ленинградската филхармонија, Бољшој театарот во Москва, Литванскиот национален симфониски оркестар, Операта на Хјустон, Унгарскиот национален симфониски оркестар, Операта на Сан Франциско, Операта на Бастилја, Операта Гарние во Париз, Филхармонијата на Монте Карло, Симфонискиот оркестар на Бирмингем, Кралската ливерпулска филхармонија, Токискиот симфониски оркестар, Лондонскиот симфониски оркестар, Ротердамската филхармонија итн. Во неговото творештво особено се истакнува изведбата на циклусот „Прстенот на Нибелунзите“ од Рихард Вагнер со Националниот младински оркестар на Ирска во 2002 година, во Бирмингем, која покрај блескавите оцени од критиката ја добила и наградата „Allianz Business2Arts“. За познатата издавачка куќа „Naxos“ Анисимов ги снимил деветте симфонии и сите балети на Глазунов (со Московскиот симфониски оркестар), како и на симфониите на Рахманинов (со Националниот оркестар на Ирска). Најпосле, неговото ДВД на „Леди Магбет од Мтсенкс“ на Шостакович, издадено за дискографската куќа „EMI“ добило бројни меѓународни признанија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 18-19.
  2. Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 18-19.