Алеида Марч

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алеида Марч (родена во 1937, Куба) била втората жена на Ернесто „Че“ Гевара и член на кубанската војска на Кастро. Во неколку изјави е кажано дека стапила во брак со Че Гевара на 23 март 1959, а и на 2 јуни 1959. По стапувањето во брак на 2 јуни, Гевара и Алеида заминале за Тарара, крајбрежно одморалиште на 20 километри од Хавана, каде што го поминале медениот месец.[1] Тие имале вкупно четири нивни деца: Алеида, Камило, Селија и Ернесто.

Таа е автор на книгата „Evocation“ во која се работи за нејзиното заљубување, а потоа и бракот со Че Гевара. Исто така и за воспитувањето на нејзиниоте четири деца по смртта на Гевара.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кастанеда, стр. 159.
  2. „New York Daily News“, 1 октомври 2007.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Кастанеда, Хорге - „The Life and Death of Che Guevara: Companero,“ Њујорк: „Vintage Books“ (1998) ISBN 0-679-75940-9

Надворешни врски[уреди | уреди извор]