Алдинци (археолошки наоѓалишта)

Од Википедија — слободната енциклопедија
  • Калеградиште / опидум од доцноантичкото време. На 2 км јужно од планинарскиот дом „Караџица“, на рид со височина од 165 м над утоката на Аљагица во Кадина Река, на зарамнето плато со површина од 4 хектара се гледаат остатоци од одбранбен ѕид. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и тубулуси за довод на вода. Северно од градиштето, преку реката се наоѓа подградието на чија површина од околу 3 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
  • Муџицаградиште од доцноантичкото време. На 2,2 км југоисточно од селото и на 1,7 км југоисточно од планинарскиот дом „Караџица“, на највисоката кота од високиот рид обраснат со шума има зарамнета површина која е оградена со ѕид граден од камен, без малтер, чии димензии се 60 × 220 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал.

Литература[уреди | уреди извор]