Алварес Кели

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Алварес Кели“ (англиски: Alvarez Kelly) — американски филм од 1958 година, во режија на Едвард Дмитрик (Edward Dmytryk), според сценариото на Френклин Коен (Franklin Coen), Елиот Арнолд (Elliott Arnold) и Даниел Тарадаш (Daniel Taradash). Филмот е заснован врз вистини настан од Американската граѓанска војна, од 1864 година, познат како „Нападот на бифтеците“ (The Beefsteak Raid). Главните улоги ги играат: Вилијам Холден (William Holden), Ричард Видмарк (Richard Widmark), Џенис Рул (Janice Rule), Патрик О'Нил (Patrick O'Neal), Викторија Шо (Victoria Shaw) и Ричард Раст (Richard Rust).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Сточарот Алварес Кели (го игра Холден) добива задача да однесе стадо говеда кај војската на Југот, залогорена во Вирџинија. Кели ја извршува задачата без никакви проблем, но кога доаѓа речиси до целта, него го грабнува група непријателски војници, предводени од полковникот Том Роситер (го игра Видмарк), бидејќи и војската на Северот мора да ја зголеми својата залиха на храна, неопходна за војската која се наоѓа опколена во Ричмонд. Така, Кели е принуден да „соработува“ со непријателската војска...

Наводи[уреди | уреди извор]