Албрехт III (војвода од Саксонија-Витенберг)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Албрехт III
Војвода од Саксонија-Витенберг
AlbrechtIIISachsenWittenberg.jpg
Изборен кнез на Саксонија
Владеење1419–1422
ПретходникРудолф III
НаследникФридрих I
Роден(а)о.  1375/1380
Витенберг
Починал(а)пред 12 ноември 1422
Витенберг
Благородно семејствоАскани
Сопружник(ци)Еуфемија
ТаткоВенцел
МајкаСесилија

Албрехт III (германски: Herzog von Sachsen-Wittenberg, Albrecht der Arme, роден во 1375 во Витенберг - починал во Витенберг) — владетел од династијата Аскани како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1419 до 1422 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој бил син на Венцел I и на Сесилија. Во 1419 година го презел управувањето на Саксонија-Витенберг по труењето неговиот брат Рудолф III.

Кога стапил на должност, неговата земја се соочувала со финансиски проблеми поради водените војни. Поради тоа, тој во својот дворец немал послужувачи и живеел сиромашен живот поради кое е познат и како „Албрехт Бедниот“. На третата година од своето управување починал во Витенберг неколку дена по пожарот на селската куќа. Неговата сопруга успеала да се спаси.

Албрехт III бил погребан во францисканската капела на Витенберг. Така завршило управувањето на династијата Аскани со Саксонија-Витенберг.

Во 1423 година тој бил наследен од Фридрих I од династијата Витини.

Семејство[уреди | уреди извор]

Тој се оженил на 14 јануари 1420 година за Еуфемија, но од овој брак не се родиле деца.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Албрехт III (војвода од Саксонија-Витенберг)
Роден(а): о. 1375/1380 Починал(а): 1422
Претходник
Рудолф III
Изборен кнез на Саксонија
1419–1422
Наследник
Фридрих I