Албрехт III (војвода од Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Албрехт III
Albrecht Dritte Habsburg1.jpg
Војвода од Австрија
Владеење1365 - 1395
ПретходникРудолф IV
НаследникАлбрехт IV
Роден(а)9 септември 1349(1349-09-09)
Виена
Починал(а)29 август 1395(1395-08-29) (воз. 45 г.)
Лаксенбург
Закопан(а)Св. Стефан“ - Виена
Сопружник(ци)Елизабета Чешка
Беатриса
Судири
ТаткоАлбрехт II
МајкаЈохана фон Пфирт

Албрехт III (германски: Albrecht III, Albrecht mit dem Zopf, Graf von Habsburg Albrecht VII, роден на 9 септември 1349 во Виена - починал на 29 август 1395 во Лаксенбург) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода од Австрија (1365–1395), војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска (1365–1379) и гроф од Тирол (1365-1379).

Рани години[уреди | уреди извор]

Албрехт III бил третиот син на војводата Албрехт II и Јохана фон Пфирт.

Управување[уреди | уреди извор]

Неговиот татко Албрехт II во 1355 година го основал Хабсбуршкиот домашен ред, според кој неговите синови заедно и со еднакви права треба да ја водат земјата. Кога тој починал на 20 јули 1358 година, најголемиот негов син Рудолф IV го презел управувањето на териториите, бидејќи другите негови три сина биле малолетни.

Во 1364 година Рудолф IV го основал Рудолфскиот домашен ред, според кој хабсбуршките територии се заедничка сопственост на сите браќа со потписите на тројцата браќа. (Фридрих III починал во 1362 година). По неколку месеци Рудолф IV починал ненадејно на 26 години и двајцата браќа Албрехт III (кој имал 15 години) и Леополд III (кој имал 16 години) започнале да управуваат заедно. Поголемиот брат Албрехт ја имал водечката улога. Наскоро тие дошле до конфликт.

За време на своето владеење, Албрехт бил поразен од Швајцарците кај Нафелс, но ја зацврстил својата територија преку проширување на сметка на Грофство Шаумбург. Исто така тој продолжил со изградба на катедралата „Св. Стефан“ во Виена[1], каде подоцна бил погребан[1]. На Универзитетот во Виена го основал теолошкиот факултет.

Албрехт е познат и по тоа што нарачал да биде изработена хроника на сите австриски владетели. Тој се стремел и кон светиот римски престол.

Договор од Нојберг[уреди | уреди извор]

Со договорот од Нојберг од 25 септември 1379 година Албрехт ја добил Австрија. Така презимето Хабсбург се поделило на Леополдска и Албрехтска линија.

Во 1386 година неговиот брат Леополд бил убиен во битката кај Семпах. Албрехт станал регент на сите хабсбуршки територии бидејќи синовите на Леополд биле малолетни.

Албрехт починал во 1395 година и бил наследен од неговиот син Албрехт IV, но наскоро синовите на Леополд успеале да си ги вратат териториите.

Семејство[уреди | уреди извор]

Во 1366 година Албрехт III се оженил за осумгодишната Елизабета Чешка (1358-1373), ќерка на царот Карло IV, крал на Бохемија. Таа починала во 1373 година на 16 години, и не му родила наследници.

Во 1375 година Албрехт III се оженил за Беатриса од Нирнберг, која му го родила синот и негов наследник Албрехт IV во 1377 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Rudolf IV. der Stifter (англиски). Austria-Forum. конс. 14. 03. 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Албрехт III (војвода од Австрија)
Роден(а): 9 септември 1349 Починал(а): 29 август 1395
Претходник
Рудолф IV
Војвода од Австрија
1365–1395
со Леополд III (1365-1379)
Наследник
Албрехт IV
Војвода од Штаерска
Војвода од Корушка
Војвода од Крањска
Гроф од Тирол

1365–1379
со Леополд III
Наследник
Леополд III
Претходник
Леополд III
Гроф од Тирол
1386–1395
Наследник
Леополд IV