Албин Бруновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Албин Бруновски
Albín Brunovský
Роден(а)25 декември 1935(1935-12-25)
Починал(а)20 јануари 1997(1997-01-20)
Националностсловачка
Познат(а) посликарство, графика
Правецимагинативен реализам
Наградинаграда Клемент Готвалд
национален уметник
Банкнота 10 круни. Дизајнер А. Бруновски

Албин Бруновски (словачки: Albín Brunovský), (Зохор, 25 декември 1935 - Братислава, 20 јануари 1997) — словачки сликар и графичар, претставник на имагинативниот реализам. Работел како педагог на Високата школа за ликовни уметности во Братислава.

Образование и значење[уреди | уреди извор]

Бруновски студирал на Високата школа за ликовна уметност кај Винсент Хложњик. Оваа школа била позната по високата уметничка и техничка подготовка во графичката уметност и нејзината хуманистичка перспектива. На основачот како и на многу од неговите студенти, големиот циклус на Гоја „Ужасите на војната“ им служел како модел.[1]

Како со време еволуирале разните техники кои ги владеел, така еволуирала и неговата уметничка визија. Кога бил млад, Бруновски покажувал надреалистички тенденции, дефинирани како тенденција кон индивидуализам и апсурдност и непроверена игра на потсвесното. Подоцна неговото дело станало покритично кон Човекот во однос на самиот и општеството.[2]

Спаѓал во најзначајните словачки графичари и илустратори на крајот на XX век. Во своето дело ја развива поетиката на имагинативниот реализам и своето дело понекогаш го обележува со иронија. Слика на дрво со минијатуристичка техника и често користи акватинта. Илустрирал книги за возрасни и деца.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бруновски бил професор на Високата школа за ликовна уметност во Братислава каде ја водел катедрата за применета уметност и книжевна графика, а од 1989 година станал и нејзин декан. Во 1990 година се повлекол од академијата и бил уметнички активен.

Карактеристики на неговото дело[уреди | уреди извор]

Композициските елементи се изразита симетрија, урамнотеженост и хармонично формирање на елементите и освен присутноста на митолошки битија блиски на античките филозофи и тоа го доведува во врска со антиката. Средновековната уметност и симболиката како и ренесансата, исто така влијаеле на неговото творештво. Ги има виртуозноста на Албрехт Дирер, снагата на Микеланџело Буонароти и сфуматото на Леонардо да Винчи како и апокалиптичните визии на Хиеронимус Бош. Споменувањето на великаните на уметноста се веродостоен доказ за вреднување на творештвото на Албин Бруновски. Во неговите графики се чувствуваат реминисценции на уметностите на разни народи, различни општествени политички уредувања, религиозни определби и разни филозофско-идеолошки концепции.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Бруновски ги изработил последните банкноти за Чехословачка
  • Меѓу 1964 и 1990 година изработил предлози за 30 поштенски марки
  • Од 1970 година до смртта изработил 105 екслибриси

Признанија[уреди | уреди извор]

  • 1968 година ја добил државната награда на Клемент Готвалд
  • 1985 година ја добил титулата национален уметник.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ludmila Peterajova, "Introduction" to Albin Brunovsky (translator Till Gottheinerova), (Tatran, Bratislava, 1990), p. 16.
  2. Peterajova, pp. 19 -24

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]