Албер Лондр

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Албер Лондр
Albert Londres en 1923.jpg
Албер Лондр
Роден/а1 ноември 1884
Виши, Франција
Починат/а16 мај 1932
Аденски Залив
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Албер Лондр (француски: Albert Londres, роден на 1 ноември 1884 во Виши - починал на 16 мај 1932 во Аденски Залив) — француски писател и новинар, еден од основачите на истражувачкото новинарство и противник на колонијализмот. Според него се доделува новинарска награда за франкофони.

Биографија[уреди | уреди извор]

Албер Лондр е роден на 1 ноември 1884 година во Виши во семејство на занаетчија. По завршувањето на средното училиште заминал во Лион каде работел како сметководител, но подоцна во 1903 година се преселил во Париз. Започнал да се занимава со новинарство во 1904 година и објавувал во весниците „Le Salut Public“, „Le Matin“, „Le Petit Journal “ и.т.н. Во 1904 година ја објавил својата прва стихозбирка.

Во 1904 година му се родила ќерка, но неговата сопруга починала следната година. Следната година започнал да работи како дописник на францускиот парламент. За време на Првата светска војна, Лондр поради лошото здравје не бил во можност да биде војник, па поради тоа станал француски дописник во Министерството за војна на Франција. Работел во Ремс, и како една од првите негови објави биле извештајот што го напишал за пожарот кој избувнал на 19 септември 1914 година во катедралата.

Во 1915 година заминал на Солунскиот фронт, каде известувал за војната во тој регион. По крајот на војната му бил даден отказ од „Le Petit Journal “. По војната патувал во СССР, земјите од Југоисточна Азија, француските колонии во Африка, Палестина и други. Во 30-те години на 20 век ја посетил Бугарија, имал средба со шефот на ВМРО, Иван Михајлов и во 1932 година ја издал книгата „Les Comitadjis ou le terrorisme dans les Balkans“ (Комитите или тероризмот на Балканот). Загинал во пожар на француски брод на 16 мај 1932 година.

Дела[уреди | уреди извор]

Корица на „Les Comitadjis ou le terrorisme dans les Balkans“
Поезия
  • Suivant les heures, 1904
  • L'Âme qui vibre, 1908
  • Le poème effréné
Репортажи
  • Au bagne (1923)
  • Dante n'avait rien vu (1924)
  • Chez les fous (1925)
  • La Chine en folie (1925)
  • Le Chemin de Buenos Aires (1927)
  • Marseille, porte du sud (1927)
  • Figures de nomades (1928)
  • L'Homme qui s'évada (1928)
  • Terre d'ébène (1929)
  • Le Juif errant est arrivé (1930)
  • Pêcheurs de perles (1931)
  • Les Comitadjis ou le terrorisme dans les Balkans (1932)
  • Histoires des grands chemins (1932)
Посмртно издадени
  • Mourir pour Shanghai (1984)
  • Si je t'oublie, Constantinople (1985)
  • En Bulgarie (1989)
  • D'Annunzio, conquérant de Fiume (1990)
  • Dans la Russie des soviets (1996)
  • Les forçats de la route / Tour de France, tour de souffrance (1996)
  • Contre le bourrage de crâne (1997)
  • Visions orientales (2002, texts on Japan and China written in 1922)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]