Алберт Ферт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Албер Фер
Albert fert 15 janvier 2009 Spintronique Paris Descartes.JPG
Роден 7 март 1938 (1938-03-07) (воз. 79 г.)
Каркасон, Од, Франција
Живеалиште Париз, Франција
Националност француска
Полиња Физика
Установи Јужен париски универзитет, Мичигенски државен универзитет
Образование Виша нормална школа
Докторски ментор Ј. A. Кемпбел
Познат по Џиновски магнетоотпорен ефект
Поважни награди Златен медал од CNRS (2003)
Волфова награда за физика (2006)
Јапонска награда (2007)
Нобелова награда за физика (2007)

Албер Фер (француски: Albert Fert) (Каркасон, 7 март 1938) — француски физичар и еден од откривачите на џиновскиот магнетоотпор што довело до напредок кај гигабитните тврди дискови. Тој е професор во пензија на Јужниот париски универзитет во Орсе и директор на содружната лабораторија ('Unité mixte de recherche') меѓу Националниот научен истражувачки центар и групацијата Талес. Исто така тој е придружен професор и на Мичигенскиот државен универзитет. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2007 година заедно со Петер Гринберг.

Биографија[уреди | уреди извор]

Фер дипломирал во 1962 година на Вишата нормална школa во Париз. Тој го примил својот докторат во 1963 година и докторатот на науки, од Орсејски факултет за науки и Парискиот универзитет.

Во 1988 година Фер го открил џиновскиот магнетоотпор (GMR) во повеќеслојните железо и хром. Петер Гринберг од Јилиховиот истражен центар истовремено и независно го открил истиот ефект. Овие две откритија се признати како раѓање на спинтрониката. Од 1988 година, Албер Фер има направено доста откритија и во полето на спинтрониката. Тој е член на Фондацијата за еколошка иднина од 2011 година.[1]

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]