Албертово Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Албертово Езеро
Lake Albert (Uganda) (NASA).jpg
Сателитска снимка од НАСА во 2002 година
Координати1°41′N 30°55′E / 1.683°СГШ 30.917°ИГД / 1.683; 30.917Координати: 1°41′N 30°55′E / 1.683°СГШ 30.917°ИГД / 1.683; 30.917
Главни приливиВикторија Нил
Главни истециАлберт Нил
Сливни земјиДемократска Република Конго, Уганда
Најг. должина160 km км
Најг. ширина30 km км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен збор „km“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен збор „km“
}}
5.300 km² (2.046 sq, mi,) км2
Прос. длабочина25 m м
Најг. длабочина58 m м
Зафатнина132 km³[1] км3
Надм. височина615 м (2,018 ст) м
Населени местаБутиаба, Паквач
Наводи[1]

Албертовото Езеро, поранешно езеро Мобуту Сесе Секо, е едно од Големите Афрички Езера. Се наоѓа на границата помеѓу Демократска Република Конго и Уганда.

Езерото е долго околу 145 км, широко е 46 км и има површина од 5,600 км² што го прави ова седмо езеро по големина. Макималната длабочина изнесува 58 м, а просечната 25 метри. Се наоѓа на надморска височина од 619 метри. Должината на бреговата линија е 20 км. Има облик на неправилен трапез, јасно издолжен од југозапад до североисток.

Албертовото езеро е дел од комплицираниот систем на горен Нил. Негов главен извор е реката Викторија Нил која доаѓа од езерото Викторија на југоисток, и реката Семлики која доаѓа од Едвардовото Езеро на југозапад. Неговиот одлив од северозападниот крај на езерото е Алберт Нил кој се вика и Бел Нил каде што влегува во Судан. Благодарејќи на притоките, од кои една извира од езерото Викторија, а другата од Едвардовото Езеро, површината на сливот е голема. Тoа овозможува обилно хранење од вода, правичен воден баланс и обилновлевање на северниот крај. Само на север, езерото е широко отворено.

Јужно од езерото, на нешто повеќе од пола растојание од Едвардовото Езеро, се издигнува високиот врв Рузвензори, кој што достигнува висина од 5,119 метри.

Прв Европјанин кој го отркил езерото е Самуел Вајт Бејкер на 14 март 1864 година. Името го добило по тогаш неодамна починатиот Принц Алберт, маж на Кралицата Викторија, како едно од трите езера (Рудолфово, Албертовото и Едвардово) во источна Африка кои носат имиња на принцеви, така што популарно се викаат Езерата на Принцовите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]