Албански пашалаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот за Албанија

Историја на Албанија

Coat of arms of Albania.svg
Античка историја

Рана историја
Илири
Илирик

Среден век

Византиска власт
Самоилова власт
Српска власт
Арберска власт
Кралство Албанија
Лешка лига
Венециска власт

Османлиска власт

Независност

Модерна Албанија

Кнежество Албанија
Кралство Албанија
Албанска Република
Италијанска власт
Германска власт
Комунистичка Албанија
Албанија

Портал:Албанија

Создавање на Албанските пашалаци

Список на албанските пашалаци[уреди | уреди извор]

Бр Пашалак Паша Години
1 Скадарски пашалак Кара Махмуд Бушатлија 1757–1831
2 Јанински пашалак Али-паша Јанински 1787–1822
3 Бератски пашалак Ахмет Курт-паша 1774–1809

Скадарскиот пашалак[уреди | уреди извор]

Во XVIII век во Албанија се формирале териториално-политички заедници. Тие биле предводени од богатите муслимански фамилии. Најпознати пашалаци биле: Скадарскиот, Бератскиот и Јанинскиот пашалак. Во 1757 година во Скадарскиот пашалак за предвосник бил избран Мехмед Паша Бушатли. Уште во почетокот на неговото владеење тој почнал да спроведува толератна политика. Тој потоа ја добил титулата везир и во Скадарскиот пашалак влегле градовите: Драч, Тирана, Мердита и др. Потоа влегле и Дукаѓинскиот пашалак, Охридскиот и Елбасанскиот пашалак. По неговата смрт на чело дошол Махмуд-паша и во негово време го проширил Скадарскиот пашалак на север до Подгорица и Шпуза и во Подгорица формирал „Илирска конфедерација“. По негова смрт дошол неговиот брат Имбрахим-паша и тој го проширил пашалакот на југ до Шкумба и на север до Призрен, Приштина и Тетово. Потоа на неговото место дошол неговиот брат Мустафа-паша. Тој бил близок со султанот и со Англија. По 75 години автономна политика Скадарскиот пашалак се распаднал.

Бератски пашалак[уреди | уреди извор]

Во средината на XVIII век во јужниот дел на Албанија во градовите Валона и Берат се појавиле неколку феудални семејства. Во 1764 година како водач бил избран Ахмет Курт-паша. Уште на почетокот сакал да го прошири санџакот но во тоа не успел бидејки бил поразен во војните со Бушатлиите и со Каплан-паша од Делвина, но и во борбите со народот во Тирана. По смртта на Ахмет Курт-паша неговиот пашалак го заземал Али-паша Тепелена.

Јанинскиот пашалак[уреди | уреди извор]

Со јанинскиот пашалак раководел Али-паша Тепелена. Уште на почетокот тој се истакнувал со знаење и големи способности. Користејки ја ситуацијата кога султанот водел војна со Русија во 1787 г. тој го завземал Јанинскиот пашалак. Исто така ги освоил и градовите Арта и Горица (Корча). Али-паша бил многу близок со Англија, Русија и Франција. Тие му помагале да се отцепи од Осмаската империја.Исто така бил близок со Бонапарта. Тој формирал силна војска и потоа заводел војна со султанот тој од страна на своите блиски бил предаден и во тој случај неможел да се одбрани и потоа тој продолжил со војување и го убиле во 1822 година.