Албанска азбука
Изглед
- Оваа статија се однесува на азбуката на албанскиот јазик. Видете Албанска азбука (кавкаска) за другата.
Современата албанска азбука се заснова на латиницата, и има 36 букви:
| Букви: | A | B | C | Ç | D | Dh | E | Ë | F | G | Gj | H | I | J | K | L | Ll | M | N | Nj | O | P | Q | R | Rr | S | Sh | T | Th | U | V | X | Xh | Y | Z | Zh |
| МФА: | a | b | ts | tʃ | d | ð | ɛ | ə | f | g | ɟ | h | i | j | k | l | ɫ | m | n | ɲ | ɔ | p | c | ɾ | r | s | ʃ | t | θ | u | v | dz | dʒ | y | z | ʒ |
| Македонски: | А | Б | Ц | Ч | Д | нема | Е | ' | Ф | Г | Ѓ | Х | И | Ј | К | Љ | Л | М | Н | Њ | О | П | Ќ | нема | Р | С | Ш | Т | нема | У | В | Ѕ | Џ | нема | З | Ж |
Белешка: Самогласките се задебелени. Слушнете го изговорот на буквите (ⓘ).
Други азбуки
[уреди | уреди извор]
- Елбасанска азбука (18 век); користена за пишување на Елбасанското евангелие. Се смета дека е дело на Григориј Драчки. Според Роберт Елси, „Азбуката на Елбасанското евангелие е доста прилагодена на албанскиот јазик. Всушност, во целина, може да се смета за посоодветна од денешната албанска азбука, базирана на латински модел. Елбасанската азбука користи еден знак по фонема, со исклучок на n, за која има два знака, и g, за која има три знака (од кои два се ограничени на специфични грчки заемки). Разликата помеѓу албанските r и rr и помеѓу l и ll се прави со точка над знакот. Точка над d прави nd... Во целина, писмото кое се користи во Елбасанското евангелие јасно, релативно прецизно, и се чини дека е добро осмислено од неговиот пронаоѓач.“
- Теодорова азбука (18 век), му се припишува на Теодор Хаџифилипи. Оваа азбука била откриена од Јохан Георг фон Хан (1811–1869), австриски конзул во Јанина и татко на албанистиката. Хан ја сметал за 'оригиналната' албанска азбука во неговото монументално дело Albanesische Studien (Jena 1854), а буквите се добиени од феникиското писмо. Проучувањето на оваа азбука го продолжил Леополд Гајтлер (1847–1885) кој сметал дека оваа азбука потекнува од римското ракописно писмо. Теодоровата азбука е сложен систем на пишување составен од 52 знаци, кој се користел за пишување во и околу Елбасан од крајот на 18 век. Не е прилагодено соодветно на албанскиот јазик, секако не толку добро како азбуката од Елбасанското евангелие, со која нема никаква поврзаност.[1]

- Виткуќска азбука (1844). Од 1824 до 1844, Наум Веќилхарџи развил и промовирал азбука од 33 букви која ја испечатил во еден буквар од осум страни во 1844. Овој мал буквар бил дистрибуиран низ јужна Албанија, од Корча до Берат, и бил прифатен, како што изгледа со голем ентузијазам. Во следната година, 1845, букварот бил надополнет со 48 страници во сега подеднакво второ издание со наслов Faré i ri abétor shqip per djélm nismetore. Сепак, одгласот на оваа оригинална азбука, која на прв поглед потсетува на ракописната ерменска, бил ограничен, делумно поради прераната смрт на авторот една година подоцна, а несомнено и поради финансиски и технички причини. Во средината на 19 век, кога издаваштвото напредувало дури и на Балканот, писмото кое барало нов фонт за печатење би резултирало со превисоки трошоци за секој потенцијален издавач. Како таква, иако фонетска, азбуката на Наум Веќилхарџи никогаш не нашла поширока примена.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имеElise. - ↑ Straehle, Carolin (1974). International journal of the sociology of language. Mouton. стр. 5.