Ала Ал-Ерјани

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ала Ал-Ерјани (родена 1990 година) е филмограф, фотограф, писателка и феминистичка активистка од Јемен.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Родена во Египет, Ал-Ерјани израснала во Сана. По дипломирањето за дигитален филм и телевизија на Универзитетот Лимкоквинг, таа се вратила во Јемен во 2012 година. Во април 2013 година Ал-Ерјани го основаше Јеменското феминистичко движење, проект на Фејсбук и Твитер, и последователно се соочи со закани за нејзиното промовирање на правата на жените.[2]

Во 2013 година Ал-Ерјани била една од првите што пишувале за случајот на Нада ал-Ахдал, десетгодишното девојче кое постави кратко видео на YouTube во кое се жали дека ја принудуваат да склучи брачен договор. Таа ја нагласи разликата во ставовите меѓу руралните и урбаните средини: „Ако одите во мало село, ќе ви кажат дека е луда што бега од родителите, ако одите во овие села, се мажат осумгодишници... Овде во градот, каде луѓето се генерално пообразовани и свесни, би ти кажале дека тоа не треба да се случи.“

Филмографија[уреди | уреди извор]

Ал-Ерјани има режирано два кратки филма, Увид (2011) и Скршен (2016).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Benjamin Wiacek, Meet a Yemeni Feminist, La Voix du Yemen, 12 May 2013. Republished Fair Observer, 26 October 2013. Accessed 14 March 2020.
  2. Helle Duus Alex, Ambassador Yemen Архивирано на 28 јануари 2020 г., SistaEnable. Accessed 20 March 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]