Алатка за луле

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алатка за луле мала направа направена за припомош при пполнењето, пушењето и празнењето на тутун од луле.

Типична алатка за луле - отворена: Од лево надесно: чепкалка, гребалка и тапкало.

Типичата алатка за луле се состои од чепкалка, гребалка, и тапкало:

  • Чепкалката е тенко стапче кое се користи за олабавување на тутунот или празнење на лулетго.
  • Гребалката е рамен инструмент со облик на лажичка или нож за писма, и се користи за отстранување (гребење) на пепел и неизгорен тутун од ѕидовите на чашката, како и за намалување на дебелината на пепелниот колач во истите.
  • Тапкалото е тап инструмент, налик на клинец или метално крукче свиткано под прав агол од метална дршка, со рамен крај за тапкање на тутун во чашката при полнењето на лулето, како и за потиснување на пепелта при повторните палења.