Алакинце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Алакинце е село во Општина Свети Николе, во околината на градот Свети Николе.


Алакинце
Алакинце is located in Македонија
Алакинце
Местоположба на Алакинце во Македонија
Регион Овче Поле
Општина Општина Свети Николе
Население 5 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 240 м
Commons-logo.svg Алакинце на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Алакинце имало 155 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Алакинце имало 160 Македонци, егзархисти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 155[1] 160[2] 157 161 162 65 22 15 13 5

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражуваањата вршени во периодот 1957/58 родови во селото се

  • Македонски: Брдарци (5 к.) за нив никој не знае да се доселени однекаде, така да возможно е да се староседелци; Мишковци (7 к.), Караџовци (4 к.) и Длагачевци (2 к.) доселени се однекаде; Шарковци (1 к.) доселени се од Мустафино, и таму биле доселени однекаде; Голинци (2 к.) доселени се од селото Бајловце, кумановско.
  • Влашки: Караниковци (4 к.) доселени се во 1915 година како две куќи. Тогаш во Алакинце купиле земја, пред тоа живееле како сточари номади, летото го поминувале на планината Осогово. Брачните врски ги одржувале со влашките родови од околните села каде што имало Власи.
  • Православни Роми: Спиро (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се од околината на Кратово. Првите од селото Трновац, а вторите од Куклица. Се женат само со припадници на својот народ, а по дома зборат на македонски.[4]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126 – 127.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска котлина.