Прејди на содржината

Алаи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алаи

Алаи бил тибетски писател. Роден во 1959 г.[1] во едно мало село во округот Мерканг, кое порано припаѓало на Тибетската област. По завршувањето на Кинеската граѓанска војна (1945-1949), Тибет ја изгубил својата автономија и сега му припаѓа на Западен Сечуан, т.е. Кина.

Не заборавајќи ја неговата етничка припадност и изгубената татковина, Алаи во 1980 г. ја објавил приказната за легендарниот тибетски мудрец по име Аку Тонпа. Мудрецот, како што вели самиот автор, било „олицетворение на аспирациите на тибетскиот народ и традициите пренесени од генерација на генерација“.

Црвени афиони

[уреди | уреди извор]

Како симбол на родната народна мудрост, Аку Тонпа исто така му служел на писателот десет години подоцна како инспирација и модел за улогата на протагонистот во романот Црвени афиони. Дејствието на романот се одвива во 1930-тите на 20 век. Во него главни ликови се семејството Маји, неговиот моќен главен, постариот „паметен“ син определен за наследник, а помалиот син „идиот“. Под маската на глупоста, Алау ја опишува скриената мудрост на овој атипичен херој, и на овој начин пишувал различно од многу други писатели кои ја изложувале очигледната акримонија.

Со разнобојни пејзажи, интересни ликови и драматичен поглед, запознавајќи го читателот со чудесниот свет на Тибет, оваа книга ги отфрлала општо прифатените митови за пацифистичкото општество на побожни жители од овој дел од светот. Читањето на овој роман оставало впечаток дека нивните животи се всушност полни со суровост, жестоки непријателства, крвнички крвопролевање, борби за моќ, сензуални задоволства и страсна љубов.

Како што е Маркес за Колумбија или Фокнер за американскиот југ, тоа е оваа историска приказна на Алаи за Тибет.

Романот добил многу пофалбени осврти, со што станал бестселер и 2000 г. бил награден со најважната награда Мао Дан за литратура во Кина.

Покрај тоа што пишува книги и романи, Алаи работел како уредник во најважното списание за научна фантастика во Кина, „Светот на научна фантастика“ .

  1. „Alai: Novels, and a List of Books by Author Alai“. www.paperbackswap.com. Посетено на 2019-10-12.