Алаетин Тахир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алаетин Тахир
Alaettin Tahir
Роден 23 април 1949
Скопје
Починал 29 јануари 2004
Скопје
Националност Турска
Занимање новинар, писател

Алаетин Тахир (23 април 1949, Скопје - 29 јануари 2004, Скопје) — раскажувач, новинар, книжевен критичар, преведувач, пишувал на турски и македонски јазик, бил припадник на турска национална заедница во Македонија.[1][2][3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Алаети Тахир е роден во Скопје, каде што го започнал и завршил своето образование со дипломирање на Филозофскиот факултет во Скопје. Неговата предаденост на уметност, на книѓевноста и посветеноста на турскиот јазик го одликува и неговото дело. Работел како уредник на културна редакција во весникот Бирлик, бил дописник на весникот „Тан“ од Приштина. Како новинар има работено во Македонска радио-телевизија, во турска редакција, каде што меѓу многу други реализации, работел и како реализатор и помошник режисер на ТВ-драми Споменар, Гостинка, Белиот волшебник и др. Од 1992 година бил член на Друштво на писатели на Македонија.

Дела[уреди | уреди извор]

Апартман 18, (книга раскази, објавена 1972 година); Портрет, (книга раскази, објавена 1980 година).Тахир бил наградуван во весниците „Бирлик“ и „Тан“, како и од списнето „Чеврен“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004, ISBN 9989-855-07-2
  2. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1470. ISBN 978-608-203-024-1.
  3. „ТАХИР, Алаетин“. Македонска енциклопедија. Посетено на 24 март 2024.