Алабастер

Алабастер - мека карпа која се користи за резбање и како извор на гипс во прав. Археолозите, геолозите и каменоделската индустрија имаат различни дефиниции за зборот алабастер. Во археологијата, терминот алабастер вклучува предмети и артефакти направени од два различни минерали: (i) ситнозрнест, масивен вид гипс,[1] и (ii) ситнозрнест, лентест вид калцит.[2]
Хемиски, гипсот е воден сулфат на калциум, додека калцитот е карбонат на калциум.[2][3] Како видови алабастер, гипсот и калцитот имаат слични својства, како што се светла боја, проѕирност и меки камења кои можат да се резбаат и вајаат; оттука и историската употреба и примена на алабастерот за производство на резбани, декоративни артефакти и уметнички предмети.[3] Калцитниот алабастер е познат и како оникс-мермер, египетски алабастер и ориентален алабастер, кои термини обично опишуваат или компактен, лентен травертински камен [2] или сталагмитски варовник обоен со вртложни ленти во кремова и кафеава боја.[3]

Генерално, античкиот алабастер е калцит на поширокиот Блиски Исток, вклучувајќи ги Египет и Месопотамија, додека во средновековна Европа е гипс. Современиот алабастер најверојатно е калцит, но може да биде и едното и другото. И двата се лесни за обработка и малку растворливи во вода. Тие се употребувале за изработка на разни уметнички дела и резба во затворен простор, бидејќи нема да преживеат долго на отворено.
Двата вида лесно се разликуваат според нивната различна тврдост: гипсениот алабастер (Мосова тврдост од 1,5 до 2) е толку мек што може да се изгребе со нокт, додека калцитот (Мосова тврдост од 3) не може да се изгребе на овој начин, туку со нож. Покрај тоа, калцитниот алабастер, бидејќи е карбонат, пече кога се третира со солна киселина, додека гипсениот алабастер останува речиси непроменет.[4]
Етимологија
[уреди | уреди извор]
Англискиот збор „алабастер“ е позајмен од старофранцускиот alabastre, кој пак, е изведен од латинскиот alabaster, и тоа од грчкиот ἀλάβαστρος (alábastros) или ἀλάβαστος (alábastos). Грчките зборови означувале вазна од алабастер.[5]
Името може да биде изведено понатаму од античкиот египетски збор a-labaste, што се однесува на садовите на египетската божица Баст. Таа била претставена како лавица и често била прикажувана како таква во фигури поставени врз овие садови од алабастер.[6][7] Старите римски автори Плиниј Постариот и Птоломеј напишале дека каменот кој се употребувал за чаши за миро, наречен алабастра, потекнувал од регион во Египет познат како Алабастрон или Алабастрити.[8][9]
Својства и употребливост
[уреди | уреди извор]Најчистиот алабастер е снежно-бел материјал со фини униформни зрна, но често е поврзан со оксид од железо, кој предизвикува кафеаво заматување и жили во каменот. Погрубите сорти на гипс алабастер се претвораат со калцинација во париски гипс и понекогаш се познати како „камен гипс“.
Мекоста на алабастерот овозможува лесно да се резба во сложени форми, но неговата растворливост во вода го прави несоодветен за работа на отворено. Доколку алабастерот со мазна, полирана површина се измие со течност за миење садови, тој ќе стане груб, без сјај и побел, губејќи го поголемиот дел од својата проѕирност и сјај.[10] Пофините видови алабастер се употребуваат во голема мера како украсен камен, особено за црковна украсеност и за огради на скали и ходници.[4]
Современа обработка
[уреди | уреди извор]Работни техники
[уреди | уреди извор]Алабастерот се ископува, а потоа се продава во блокови на работилници за алабастер.[11] Таму се сечат до потребната големина („квадратирање“), а потоа се обработуваат во различни техники: се вклучуваат на струг за тркалезни форми, се резбаат во тридимензионални скулптури, се длетаат за да се добијат нискорелјефни фигури или украси; а потоа им се дава елаборирана завршница што ја открива неговата проѕирност, боја и текстура.[12]
Имитација на мермер
[уреди | уреди извор]За да се намали проѕирноста на алабастерот и да се добие непроѕирност што укажува на вистински мермер, статуите се потопуваат во голема када со вода и постепено се загреваат - речиси до точката на вриење - во процес кој бара голема грижа, бидејќи доколку температурата не се регулира внимателно, каменот добива мртво-бел, кредаст изглед. Ефектот на загревањето се смета дека е делумна дехидрација на гипсот. Доколку се третира правилно, тој многу наликува на вистински мермер и е познат како „мармо ди Кастелина“.[4]
Боење
[уреди | уреди извор]Алабастерот е порозен камен и може да се обои во која било боја или нијанса, техника која се употребува со векови.[12] За ова, каменот треба целосно да се потопи во разни пигментни раствори и да се загрее до одредена температура.[12] Техниката може да се употреби за маскирање на алабастер. На овој начин се добива имитација на корал кој се нарекува „алабастерен корал“.
Видови, појава, историја
[уреди | уреди извор]
Типично, единствено еден тип се вајува во која било одредена културна средина, но понекогаш и двата вида се обработени за да се направат слични парчиња на истото место и време. Ова бил случај со малите колби од типот алабастрон направени на Кипар од бронзеното време до класичниот период.[13]
Панели на прозорци
[уреди | уреди извор]Кога се сече на тенки листови, алабастерот е доволно проѕирен за да се употреби за мали прозорци.[14] За оваа намена се употребувал во византиските цркви, а подоцна и во средновековните, особено во Италија.[15] Големи листови од арагонски гипсен алабастер се употребуваат широко во катедралата на Пресвета Богородица на Ангелите,[16] осветена во 2002 година од страна на Архиепископијата во Лос Анџелес, Калифорнија.[17] Катедралата вклучува специјално ладење за да се спречи прегревање на стаклата и нивно непроѕирно претворање.[17] Античките го користеле калцитниот тип,[18] додека современата катедрала во Лос Анџелес користи гипсен алабастер. Исто така, постојат повеќе примери на алабастерни прозорци во обични селски цркви и манастири во северна Шпанија.
Калцит алабастер
[уреди | уреди извор]
Калцитниот алабастер, потврд од гипсот, се употребувал во антички Египет и поширокиот Блиски Исток (освен асирските палатски релјефи), а исто така и во современо време. Се наоѓа или како сталагмитски нанос од дното и ѕидовите на варовничките пештери, или како еден вид травертин, слично таложен во извори на варовничка вода. Неговото таложење во последователни слоеви го создава лентестиот изглед што мермерот често го покажува на пресек, од каде што потекнува неговото име: оникс-мермер или алабастер-оникс, или понекогаш едноставно (и погрешно) како оникс.[4]
Египет и Блиски Исток
[уреди | уреди извор]Египетскиот алабастер бил обработуван во голема мера во близина на Суец и Асјут.
Овој вид камен е „алабастер“ на древните Египќани и Библијата и често се нарекува ориентален алабастер, бидејќи раните примероци доаѓаат од Далечниот Исток. Се смета дека грчкото име алабастрити е изведено од градот Алабастрон во Египет, каде што се копал каменот. Локалитетот можеби го должи своето име на минералот; иако потеклото на името на минералот е нејасно
„Ориенталниот“ алабастер бил многу ценет за изработка на мали шишенца за парфем или вазни за маст наречени алабастра; името на садот е предложено како можен извор на името на минералот. Во Египет, занаетчиите употребувале алабастер за канопски тегли и разни други свети и гробни предмети. Саркофагот на Сети I, пронајден во неговата гробница во близина на Теба, е изложен во Музејот на Сер Џон Соун во Лондон; тој е врежан во еден блок од проѕирен калцитен алабастер од Алабастрон.
Алжирскиот оникс-мермер се ископува главно во покраината Оран.
Калцитниот алабастер се ископувал во древниот Израел во пештерата позната како Пештера на Близнаците во близина на Бејт Шемеш. Ирод го употребувал овој алабастер за бањи во своите палати.[19]
Северна Америка
[уреди | уреди извор]Во Мексико, постојат познати наоѓалишта на деликатна зелена сорта во Ла Педрара, во округот Текали, во близина на Пуебла. Оникс-мермерот се наоѓа и во округот Техуакан и на неколку места во САД, вклучувајќи ги Калифорнија, Аризона, Јута, Колорадо и Вирџинија.[4]
Гипс алабастер
[уреди | уреди извор]Гипсниот алабастер е помек од калцитниот алабастер. Се употребувал првенствено во средновековна Европа, а се уптребува и во современо време.
Антички и класичен Блиски Исток
[уреди | уреди извор]
„Мосулски мермер“ претствува вид гипсен алабастер пронајден на север од денешен Ирак, кој се употребувал за релјефите на асирските палати од 9 до 7 век п.н.е.; ова се најголемите видови скулптури од алабастер кои редовно се изработувале. Релјефот е многу низок, а резбата детална, но големите простории биле обложени со континуирани композиции на плочи од околу 7 стапки (2.1 м) високи. Ловот на лавовите во Асурбанипал и воените релјефи од Лахис, и двата од 7 век п.н.е. и во Британскиот музеј, се едни од најпознатите.
Гипсниот алабастер бил широко употребуван за мали скулптури за внатрешна употреба во античкиот свет, особено во антички Египет и Месопотамија. Фини детали можеле да се добијат во материјал со атрактивен финиш без железни или челични алатки. Алабастерот се употребувал за садови наменети за употреба во култот на божеството Баст во културата на античките Египќани, а илјадници артефакти од гипс алабастер кои датираат од крајот на 4-тиот милениум п.н.е. се пронајдени и во Тел Брак (денешен Нагар), во Сирија.[20]
Во Месопотамија, гипсениот алабастер бил материјал по избор за фигури на божества и верници во храмовите, како на пример фигура за која се верува дека го претставува божеството Абу, која датира од првата половина на 3-тиот милениум п.н.е., а која се чува во Њујорк.[21]
Арагон, Шпанија
[уреди | уреди извор]Голем дел од светскиот алабастер се вади од средината на долината на реката Ебро во Арагон, Шпанија, каде што се наоѓаат најголемите познати експлоатирачки наоѓалишта во светот.[16] Според брошура објавена од владата на Арагон, алабастерот на други места или е исцрпен, или неговото вадење е толку тешко што речиси е напуштено или се врши со многу висока цена.[16] Во Арагон постојат две одделни места, и двете се наоѓаат во терцијарни басени.[16] Најважното место е областа Фуентес-Азаила, во терцијарниот еброски басен.[16] Другото е басенот Калатајуд -Теруел, кој го дели пиринејскиот масив на два главни сектори (северозападен и југоисточен).[16]
Изобилството на арагонски алабастер било клучно за неговото користење во архитектурата, скулптурата и декорацијата. Не постојат записи за употреба од страна на предримските култури, па затоа првите што го употребувале алабастерот од Арагон можеби биле Римјаните, кои произведувале садови од алабастер следејќи ги грчките и египетските модели.[16] Се смета дека од реконструкцијата на римскиот ѕид во Сарагоса во 3 век од н.е. со алабастер, употребата на овој материјал станала вообичаена во градежништвото со векови.[16] Муслиманската Сарагуста (Сарагоса) била наречена и „Медина Албаида“, Белиот град, поради појавата на нејзините алабастерни ѕидови и палати, кои се издвојувале меѓу градините, шумичките и овоштарниците покрај реките Ебро и Уерва.[16]
Најстарите остатоци во палатата Алхаферија, заедно со други интересни елементи како капители, релјефи и натписи, биле изработени од алабастер, но токму за време на уметничкиот и економскиот процут на ренесансата, арагонскиот алабастер го достигнал своето златно доба. Во 16 век, скулпторите во Арагон го избирале алабастерот за своите најдобри дела. Тие биле вешти во искористувањето на неговите осветлувачки квалитети и генерално кажано, завршените уметнички дела ја задржале својата природна боја.[16]
Волтера (Тоскана)
[уреди | уреди извор]
Во современа Европа, средиштето на трговијата со алабастер е Фиренца, Италија. Тосканскиот алабастер се јавува во нодуларни маси вградени во варовник, меѓуслојни со лапори од миоценска и плиоценска возраст. Минералот се обработува главно преку подземни галерии, во областа Волтера. Препознаени се неколку варијанти - вени, точки, облачни, агатиформни и други. Најфиниот вид, добиен главно од Кастелина, се испраќа во Фиренца за фигурно-скулптура, додека вообичаените видови се резбаат локално, во вазни, светла и разни украсни предмети. Овие предмети се предмет на широка трговија, особено во Фиренца, Пиза и Ливорно.
Во 3 век п.н.е. Етрурците го употребувале алабастерот од Тоскана од областа на денешна Волтера за производство на погребни урни, и најверојатно занаетот го презеле од грчки уметници.[22] Во текот на средниот век, занаетот со алабастер бил речиси целосно заборавен.[22] Преродбата започнала во средината на 16 век, а до почетокот на 17 век изработката на алабастер била строго уметничка и не се проширила за да формира голема индустрија.[23]
Во 17 и 18 век, производството на уметнички, висококвалитетни артефакти во ренесансен стил целосно престанало, заменето со помалку софистицирани, поевтини предмети посоодветни за производство и трговија во голем обем. Новата индустрија просперирала, но намалената потреба од квалификувани занаетчии оставила малкумина од нив сè уште да работат. 19 век донел бум во индустријата, главно благодарение на „патувачките занаетчии“ кои ги нудиле своите производи во палатите во Европа, како и во Америка и Истокот.[23]
Во 19 век била воведена и нова технологија за обработка, што овозможила производство на уникатни парчиња по нарачка, како и комбинација на алабастер со други материјали. Освен новоразвиениот занает, уметничкото дело повторно станало можно, главно од скулпторот од Волтера, Албино Фунаиоли.[23] По краток пад, индустријата повторно била оживеана со продажба на масовно произведени маниристички експресионистички скулптури. Таа била дополнително зацврстена во 1920-тите со нова гранка која создала тавански и ѕидни ламби во стилот Арт Деко, што кулминирало со учество на Меѓународната изложба на современи индустриски и декоративни уметности во Париз во 1925 година.[23] Важни имиња во развојот на употребата на алабастер по Втората светска војна се Умберто Борња од Волтера, „првиот дизајнер на алабастер“, а подоцна и архитектот и индустриски дизајнер Анџело Манџароти.[23] Important names in the evolution of alabaster use after World War II are Volterran Umberto Borgna, the "first alabaster designer", and later on the architect and industrial designer Angelo Mangiarotti.[24]
Англија и Велс
[уреди | уреди извор]
Гипсниот алабастер е вообичаен минерал, кој се јавува во Англија во Кеперовите лапори во Мидлендс, особено во Челастон во Дербишир, во Фолд во Стафордшир и во близина на Њуарк во Нотингемшир. Наслагите на сите овие локалитети се екстензивно обработени.
Во 14 и 15 век, резбањето мали статуи и комплети релјефни панели за олтарски украси била вредна местна индустрија во Нотингем, како и голем англиски извоз. Тие обично биле насликани или делумно насликани. Исто така, се употребувало за фигури, често во природна големина, на надгробни споменици, бидејќи типичната лежечка положба одговарала на недостатокот на цврстина на материјалот, а била поевтина и полесна за обработка од добриот мермер. По англиската реформација, изработката на комплети олтарски украси била прекината, но работата на погребните споменици во релјефи и статуи продолжила.
Покрај резбите кои сè уште се наоѓаат во Британија (особено во Музејот на Нотингемскиот замок, Британскиот музеј и Музејот на Викторија и Алберт), трговијата со минерален алабастер (освен трговијата со антиквитети) е во тек дури до Музејот Клуни, Шпанија и Скандинавија.
Алабастерот се наоѓа и во помала количина во Вочет во Сомерсет, во близина на Пенарт во Гламорганшир и на други места. Во Камбрија се јавува главно во карпите на Њу Ред, но на понизок геолошки хоризонт. Алабастерот од Нотингемшир и Дербишир се наоѓа во дебели нодуларни слоеви или „подови“ во сфероидни маси познати како „топки“ или „чинии“ и во помали леќести маси наречени „колачи“. Во Челастон, каде што местниот алабастер е познат како „Патрик“, тој е преработен во украси под името „Дербиширски спар“ - термин што е посоодветно применет за флуорспат.<ref name="EB1911">

Црн алабастер
[уреди | уреди извор]Црниот алабастер е ретка анхидритна форма на минералот на база на гипс. Црната форма се наоѓа само во три дела во светот, САД, Италија и Кина.
Државниот парк „Алабастер Кавернс“, во близина на Фридом, Оклахома, е дом на природна гипсена пештера во која поголемиот дел од гипсот е во форма на алабастер. На локацијата се наоѓаат неколку видови алабастер, вклучувајќи розов, бел и реткиот црн алабастер.
Галерија
[уреди | уреди извор]Антички и класичен Блиски Исток
[уреди | уреди извор]Европски среден век
[уреди | уреди извор]- Надгробен споменик од алабастер на Николас Фицхерберт, починал во 1473 година од нашата ера, во црквата „Света Марија и Свети Барлок“, Норбери, Дербишир, Англија
- Алабастерни прозорци во хорот на црквата Фосанова опатија (12 век) во Латина, Италија
- Алабастерни прозорци и розета во централната апсида на црквата Казамари (1203–1217) во Лацио, Италија
- Алабастерен прозорец во катедралата Орвието (14 век), Италија
Современ период
[уреди | уреди извор]- Архаизирачки релјеф на крал и придружници, Иран, Каџарски период (крај на 19 век од н.е., во стилот на 5-ти–4 век п.н.е.). Музеј Бруклин.
- Ламба од алабастер, Ахенска катедрала, Германија (почеток на 20 век)
- Уметнички предмет со основа од гипс-алабастер, со типични шари
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Gypsum“. Britannica. Архивирано од изворникот 8 January 2017. Посетено на 8 January 2017.
- 1 2 3 More About Alabaster and Travertine: Brief Guide explains the different definitions used by geologists, archaeologists, and the stone trade. Oxford University Museum of Natural History, 2012,
- 1 2 3 "Grove": R. W. Sanderson and Francis Cheetham. "Alabaster", Grove Art Online, Oxford Art Online, Oxford University Press, accessed 13 March 2013, subscriber link.
- 1 2 3 4 5 One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственост: Rudler, Frederick William (1911). . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica. 1 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 466–467. Endnotes:
- M. Carmichael, Report on the Volterra Alabaster Industry, Foreign Office, Miscellaneous Series, No. 352 (London, 1895)
- A. T. Metcalfe, "The Gypsum Deposits of Nottingham and Derbyshire," Transactions of the Federated Institution, vol. xii. (1896), p. 107
- J. G. Goodchild, "The Natural History of Gypsum," Proceedings of the Geologists' Association, vol. x. (1888), p. 425
- George P. Merrill, "The Onyx Marbles," Report of the U. S. National Museum for 1893, p. 539.
- ↑ Alabastos, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus
- ↑ „alabaster - definition“. YourDictionary.
- ↑ "alabaster", Merriam-Webster Online Dictionary
- ↑ Alfred Lucas, John Richard Harris (2011). Ancient Egyptian Materials and Industries (reprint of 4th edition (1962), revised from first (1926). изд.). Mineola, NY: Dover Publications. стр. 60. ISBN 9780486404462. Посетено на 26 July 2016.
- ↑ Eyma, A. K. (2007). „Egyptian Loan-Words in English“. Egyptologists' Electronic Forum.
- ↑ Griswold, John (September 2000). „Care of Alabaster“ (PDF). Conserve O Gram. 15: 4. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-10-09 – преку National Park Service.
- ↑ „Italian Alabaster Works of G. Bruci & Co., Volterra: Extraction“. Архивирано од изворникот на 2016-08-14. Посетено на 2016-07-25.
- 1 2 3 „Italian Alabaster Works of G. Bruci & Co., Volterra: Working techniques“. Архивирано од изворникот на 2016-08-14. Посетено на 2016-07-25.
- ↑ Hermary, Antoine, Mertens, Joan R., The Cesnola Collection of Cypriot Art: Stone Sculpture, 2014, The Metropolitan Museum of Art, ISBN 1588395502, 9781588395504, pp. 384-398
- ↑ Reynolds (2002-08-06). „Alabaster Gleams in Cathedral“. Los Angeles Times (англиски). Посетено на 2020-10-17.
- ↑ Schibille, Nadine (2016-04-22). Hagia Sophia and the Byzantine Aesthetic Experience. Routledge. doi:10.4324/9781315586069. ISBN 978-1-317-12415-3.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 „Alabaster in Aragon (Spain)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-03. Посетено на 2015-12-06.
- 1 2 „Windows“. Cathedral of Our Lady of the Angels (англиски). Посетено на 2022-06-17.
- ↑ „Buffalo Architecture and History: Alabaster“.
- ↑ Amir, Ayala; Frumkin, Amos; Zissu, Boaz; Maeir, Aren M.; Goobes, Gil; Albeck, Amnon (7 May 2022). „Sourcing Herod the Great's calcite-alabaster bathtubs by a multi-analytic approach“. Scientific Reports. 12 (1): 7524. Bibcode:2022NatSR..12.7524A. doi:10.1038/s41598-022-11651-5. PMC 9079073 Проверете ја вредноста
|pmc=(help). PMID 35525885 Проверете ја вредноста|pmid=(help). - ↑ Архивирано на 29 ноември 2005 г.
- ↑ Архивирано на 1 септември 2005 г.
- 1 2 „Official website of Volterra“. Архивирано од изворникот на 2017-11-08. Посетено на 2016-07-25.
- 1 2 3 4 5 „Italian Alabaster Works of G. Bruci & Co., Volterra: History“. Архивирано од изворникот на 2018-11-09. Посетено на 2016-07-25.
- ↑ it:Ecomuseo dell'alabastro, Volterra; official website
Извори
[уреди | уреди извор]- Harrell J.A. (1990), "Misuse of the term 'alabaster' in Egyptology", Göttinger Miszellen, 119, pp. 37–42.
- Mackintosh-Smith T. (1999), "Moonglow from Underground". Aramco World May–June 1999. Архивирано на 24 септември 2009 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Алабастер“ на Ризницата ? |
- More about alabaster and travertine, brief guide explaining the confusing, different use of the same terms by geologists, archaeologists and the stone trade. Oxford University Museum of Natural History, 2012
- Alabaster Craftmanship in Volterra Архивирано на 24 октомври 2019 г.
. The American Cyclopædia. 1879.
