Прејди на содржината

Акшехир

Координати: 38°21′27″N 31°24′59″E / 38.35750° СГШ; 31.41639° ИГД / 38.35750; 31.41639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Акшехир
Akşehir
округ
Акшехир
Споменикот на Насредин Оџа во градот
Споменикот на Насредин Оџа во градот
Земја Турција
ПокраинаКонија
Управа
 • ГрадоначалникАбдулкадир Огул (ППР)
Површина[1]
 • Округ815,77 км2 (31,497 ми2)
Надм. вис.&100000000000010250000001.025 м
Население (2012)[2]
 • Градскo62.054
 • Округ94.575
 • Округ густина1,2/км2 (3,0/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.42xxx
Повик. бр.0332
Рег. таб.42
Климасредоземна
Мреж. местоaksehir.gov.tr
Турбето на Насредин Оџа.

Акшехир (турски: Akşehir) — град округ во покраината Конија на регионот Средна Анадолија, Турција. Во 2012 г. округот броел 94.575 жители, од кои 62.054 живееле во самиот град. Познат е како градот во кој живеел Насредин Оџа

Градот е сместен во крајниот дел на плодна низина, на северниот дел од планината Султандаг.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во антиката тука постоело населеното место Филомелион, сместено долж големиот грчко-римски пат од Ефес на исток. Познато е дека во него престојувал Цицерон на пат за Киликија бидејќи одовде напишал неколку писма. Гратчето е споменато и во врска со мачеништвото на апостолскиот отец Поликарп Смирнски. Подоцна местото одиграло важна улога во пограничните војни помеѓу Византија и Иконискиот Султанат.

Филомелион станал важен град на Селџуците, а кон крајот на XIV век им припаднал на Османлиите. Се смета дека тука загинал султанот Бајазит I по неговото учество во Битката кај Ангора.[3]

Знаменитости и култура

[уреди | уреди извор]

Меѓу знаменитостите во градот се врбојуваат следниве:

Секоја година од 5 до 10 јули се одржуваат настани во чест на Насредин Оџа.

Поради богатото архитектонско наследство, Акшехир е член на Европското здружение на историски градови и подрачја.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
  2. „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
  3. 3,0 3,1  Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Ak-Shehr“ . Encyclopædia Britannica. 1 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 458.CS1-одржување: ref=harv (link)
  4. The European Association of Historic Towns and Regions. „Historic Towns of Turkey“. Архивирано од изворникот (DOC) на 17 септември 2009. Посетено на 22 март 2008.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

38°21′27″N 31°24′59″E / 38.35750° СГШ; 31.41639° ИГД / 38.35750; 31.41639