Акансех
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Акансех бил стар мајански град, денес археолошко наоѓалиште во Мексико.
Градот бил основан помеѓу 200 и 300 година од нашата ера, за време на раниот класичен период на мезоамериканската хронологија. Античкиот град се протегал на повеќе од 4 квадратни километри и содржел приближно 400 структури. Три згради се реставрирани и отворени за јавноста. Неодамнешните ископувања откриле нови структури.
Во Акансех е откриена трикатна пирамида со висина од 11 метри. Едно од постарите нивоа на пирамидата е украсено со резбани маски. „Палатата на гипсените слики“ е широка 50 метри и висока 6 метри, украсена со извонредни фризови и резбани слики, и има многу соби. Архитектурата на Акансек покажува влијание од Теотихуакан, што ги наведува некои археолози да шпекулираат дека Акансек била теотихуаканска колонија.
| Оваа статија Маите е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||||