Акакиј Мeлитински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Акакиј Мелитински е христијански светец од 5 век.

Бил роден во Мелитина, Ерменија. Според христијаните Отриј, епископот на тој град, кој учествувал на Вториот Вселенски собор, го ракоположил за презвитер. По смртта на Отриј, Акакиј станал епископ. Учествувал на Третиот Вселенски собор во Ефес, кој го осудил несторијанството. Тука тој заедно со Свети Кирил Александриски мошне ревнувал за чистотата на верата православна. Според христијаните Св. Акакиј имал голема благодат и правел многу чуда. Починал во 437 година.[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 17 април.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 159