Академско рангирање на универзитетите во светот
Академско рангирање на универзитетите во светот (англиски: Academic Ranking of World Universities - ARWU), позната и како Шангајска листа, е публикација од Шангајскиот универзитет во Цао Тун во која се врши рангирање на универзитетите на светско ниво.[1] Рангирањето започнало да се врши од 2003 година и секоја година се објавува нова листа. Од 2009 почнало да се публикува рангирањето.[2]
Шангајската листа е една од најважните и најупотребуваните рангирања на универзитетите во светот, поради својата објективна и конзистентна методологија. Сепак, во исто време, листата била и критикувана поради тоа што поголем акцент става на природните науки за сметка на општествените и хуманистичките науки.[3]
Методологија
[уреди | уреди извор]Листата споредува 1.200 високообразовни институции ширум светот според шест критериуми. Критериумите за повисок ранг се: број на добитници на Нобелова награда[4] и Филдсов медал меѓу поранешните студенти (10%), Нобелова награда и Филдсов медал во персоналот на универзитетот (20%), високо цитирани истражувачи во 21 категорија (20%), трудови објавени во списанија и (20%), Индекс на научни цитати и Индекс на цитати од општествени науки (20%) и придонес по глава на академци (од наведените индикатори) на институцијата (10%). Методологијата ја воспоставиле од Лиу и Ченг.[5] Тие навеле дека основна идеја за рангирањето било да се премости јазот меѓу кинеските и светски познатите универзитети, особено во академскиот и научниот придонес.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Shanghai Jiao Tong University (2007). „Academic Ranking of World Universities“. Graduate School of Education, Shanghai Jiao Tong University. Посетено на 19 февруари 2008.
- ↑ „'ARWU : About ARWU'“. Архивирано од изворникот на 30 јануари 2013. Посетено на 24 јануари 2012.
- ↑ Zirulnick, Ariel. „New world university ranking puts Harvard back on top“. The Christian Science Monitor.
- ↑ info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Шангајска листа: Харвард 18-та година најдобар, македонските универзитети не се меѓу првите 1.000“. fakulteti.mk. Посетено на 2022-04-14.
- ↑ N.C. Liu and Y Cheng 2005 “Academic ranking of world universities – methodologies and problems” Архивирано на 28 март 2012 г., Higher Education in Europe, Vol. 30, No 2., and earlier in the proceedings of Meeting of the International Rankings Expert Group 2004.
- ↑ N.C. Liu and Y Cheng 2008 “Academic ranking of world universities: FAQ”, retrieved Jun 2009