Азот МТБ Предизвик
![]() | |
| За трката | |
|---|---|
| Датум | мај/јуни |
| Регион | Азот |
| Дисциплина | планински велосипедизам |
| Вид | дводневен фестивал |
| Организатор | Здружение „Велес Бајкинг“ |
| Директор на трката | Зоран Јаневски |
| Историја | |
| Прво одржување | 2015 |
| Одржувања | 2 (2016) |
Азот МТБ Предизвик — дводневен велосипедски настан во областа Азот, средишна Македонија. Првиот настан бил одржан во 2015 година во првиот викенд во јуни, како што бил планиран и во 2016 година. Подоцна, датумот за изданието во 2016 година бил преместен на 14-15 мај[1], поради политичките случувања во Македонија.
Кампот на фестивалот и негова средишна точка е селото Богомила, каде учесниците спијат во своите шатори или во хотелот „Ѕидан мост“. Главниот камп е сместен во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“.
Вообичаено, фестивалот е поддржан од многу покровители и спонзори, како и од страна на локалната власт од Општина Чашка.
Организација
[уреди | уреди извор]Фестивалот е организиран од страна на Здружението на граѓани „Велес Бајкинг“ - Велес, под водство на главниот организатор и претседател на здружението, Зоран Јаневски.[1]
Првото издание на фестивалот е во 2015 година. Ова издание на фестивалот било организирано на 6/7 јуни со средишна точка во селото Богомила. На настанот имало околу 30-тина кампери, додека 20-тина учесници биле сместени во хотелот „Ѕидан мост“. За време на почетокот на трката имало вкупно 270 учесници.
Патеки
[уреди | уреди извор]Постојат две патеки кои може да се извозат за време на вториот ден на настанот, голем и мал маратон.
Првата и потешка рута е во должина од 51,7 километри и вкупно искачување од 1800 метри и се движи во круг посетувајќи ги селата Црешнево, Капиново, Нежилово, ПД „Чеплез“ и Нежилово. Оваа рута ги посетува Римскиот мост во селото Богомила, под кого тече реката Бабуна, спомен-куќата на Петар Поп Арсов, варниците во Нежилово, црквата „Св. Петар и Павле“ во Папрадиште изградена од мајсторот Андреја Дамјанов и други помали селски цркви, поглед кон врвот Солунска Глава. Најголемиот дел од патеката е неасфалтиран и поминува низ прекрасен живописен предел. Затоа се препорачува користење на добро подготвени планински велосипеди.
Втората рута е пократка и полесна. Таа се движи кон селата Нежилово, ПД „Чеплез“ и Папрадиште и завршува во селото Богомила, и е во должина од 32,9 километри со вкупно искачување од околу 1000 метри. Движењето е претежно по асфалтиран и тампониран пат. Оваа рута е наменета за помалку подготвени велосипедисти.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Јачевска, Соња; Дарко Андоновски (3 мај 2016). „Во Азот се белите дробови на Македонија“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 4 мај 2016.[мртва врска]
