Азовска тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Азовска тврдина
Азовская крепость
Азовска тврдина
Карта
Општи податоци
ГрадАзов, Ростовска област
ЗемјаРусија
Почната1475
Технички податоци
Структурен системтврдина и музеј

Азовска тврдина (руски: Азовская крепость) — тврдина која се наоѓа во Азов, Ростовска област, Русија, со поглед на реката Дон и Азовското пристаниште на север. Вклучува бедем, караули и порти[1]. Азовската тврдина (порано позната како тврдина Азак) била изградена од Турците за време на Отоманското Царство во 1475 година. Таа ги чувала северните пристапи кон царството и пристапот до Азовско Море[2]. По серијата конфликти, во Цариград на 13 јули 1700 година бил потпишан мировен договор меѓу Царство Русија и Отоманското Царство. Султанот го признал поседувањето на Русија на областа Азов[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Потекло[уреди | уреди извор]

Азов бил венецијанска и џеновска колонија пред втората половина на 15 век. Еден град наречен Тана служел како главна транзитна точка за трговија меѓу Западот и Истокот. Тана бил окупирана од Отоманското Царство во 1471 година. Османлиите изградиле огромна тврдина на тоа место, која се состоела од ѕид со 11 кули околу еден рид. Тврдината поседувала гарнизон со 200 топови[2].

Козачки период[уреди | уреди извор]

Донските и Запорошките Козаци ја нападнале тврдината во јуни 1637 година. Козачката коњаница со сила од 400 коњаници ја бранела тврдината од степската страна. Турската армија се обидела да го преземе Азов во 1641 година. Тврдината претрпела тешки гранатиња со оружје што го намалил најголемиот дел од тврдината бидејќи била делумно разрушена. Османлиите трошиле 700-1000 гранати дневно[4]. Ѕидините билњ целосно уништени. Само три кули од 11 биле поштедени за време на битката. Силите на Отоманското Царство ја нападнале тврдината, но тие претрпиле тешки загуби и се повлекле. Откако Османлиите организирале голем напад врз тврдината, Козаците биле принудени да се повлечат во цитаделата[5]. Опсадата на Азов завршила со големи загуби (20-70 илјади ранети или загинати во рок од три месеци).

Козаците предложиле анексија на Азов од страна на Царство Русија. Рускиот цар Михаил Романов ја одбиле понудата, бидејќи тоа ќе резултирало со нова руско-турска војна на која Русија не била подготвена. Козаците немале ресурси за реконструкција на тврдината.

Руски период[уреди | уреди извор]

Азовски поход од 1695–96 година

Петар Велики го започнал Азовскиот поход од 1695-96[6]. Воената експедиција напредувала по копно и вода (реките Воронеж, Волга и Дон). Првиот обид за освојување на Азовската тврдина, под команда на генерал адмирал Франц Лефорт, започнала на 5 август 1695 година и истата завршила без успех. Руската армија успеала да ја окупира само караулата. Бројот на мртви и повредени руски војници достигнал над 1500[7]. Вториот обид за освојување на Азовската тврдина започнал на 25 септември на чело со Фјодор Апраксин, и во овој обид руските сили окупирале најголем дел од тврдината и биле во можност да влезат во градот. Меѓутоа, Османлиите имале време да се регрупираат и напредокот на Апраксин не успеал без поддршка на други единици на војската. Опсадата била повлечена на 2 октомври[8].

Втората Азова кампања се одржала во јули 1696 година. Потребните подготовки биле завршени за да се спроведе напад на 16 јули 1696 година. 1.500 Козаци нападнале на 17 јули и гарнизонот на тврдината се предал на 19 јули за време на долг период на гранатирање. Во 1700 година, со склучувањето на договорот од Цариград, Османлиите повторно го потврдиле признавањето на руското владение на тврдината Азов.

Договорот од Прут од 1711 година го предвидел враќањето на Азов во Отоманското Царство. Царство Русија било принудено да го потпише договорот поради тешката состојба на својата војска на брегот на реката Прут на крајот на Руско-турската војна од 1710-11.

Предавањето на Азов во 1736 година

Донската армија (28.000 сила) под команда на царскиот командант Петар Ласи ја опседнал тврдината во 1736 година. Силите на Русија отвориле континуиран артилериски оган на тврдината на 11 јуни. Ласи дал наредба да започне напад во ноќта на 28/29 јуни. За време на битката, руската армија наишла на неочекуван отпор. Вкупните руски загуби во Битката за тврдината Азов биле 7 убиени, а 38 биле повредени. По ноќниот напад Паша Мустафа Аги им пренесел на Русите дека е подготвен да ја предаде тврдината. Според условите од договорот од Белград, градот станал дел од Руското Царство[9]..

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Крепостные валы с Алексеевскими воротами“ (руски). Ассоциация малых туристских городов. Архивирано од изворникот на 2017-08-10. Посетено на 2017-10-01.
  2. 2,0 2,1 Тихонов, Ю. А. Азовское сидение. — Москва, 1970. P. 99
  3. Davies, Brian L. (2007). Warfare, state and society on the Black Sea steppe, 1500-1700. Warfare and history. Routledge. стр. 187. ISBN 0-415-23986-9.
  4. Boeck, Brian J. (2012). The Siege of Azov in 1641: Military Realities and Literary Myth. Warfare in Eastern Europe. Leiden. стр. 188.
  5. Boeck, Brian J. (2012). The Siege of Azov in 1641: Military Realities and Literary Myth. Warfare in Eastern Europe. Leiden. стр. 191-2.
  6. Доценко В. Д. Флот Петра Великого. Азовский флот. Великое посольство. Керченский поход. // Морской альманах. № 1. Гл. 1. История Российского флота.: Saint-Petersburg 1992. С. 15
  7. Хронологический указатель военных действий русской армии и флота. Береждивость. 1909. стр. 1-4.
  8. Шефов Н. А. (2006). Битвы России. АСТ. Moscow. стр. 699.
  9. Баионов А. К. (1906). Русская армия в царствование императрицы Анны Иоанновны. Война России с Турцией в 1736-1739 гг. Saint-Petersburg. стр. 225.