Азатско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Азатско Езеро
Ազատի ջրամբար
Ազատի ջրամբար ու կղզիներ.JPG
Азатско Езеро
ПодрачјеАрарат, Ермениј
Видвештачко езеро, проточно
Главни приливиАзат
Главни истециАзат
Зафатнина0,07 км3

Азатското Езеро (ерм.: Ազատի ջրամբար) — вештачка акумулација во Ерменија се наоѓа во покраината Арарат. Изградено е во централниот дел во токот на реката Азат, на надморска висина од 1,050 метри.

Зафатнината на езерото изнесува во просек околу 70 милиони м³.

Водите на езерото се искористуваат за наводнување на земјоделските површини во Араратската рамнина во текот на сушните делови од годината. Поради богатиот рибен фонд езерото е познато по спортскиот риболов.[1]

Од 2000 година горниот ток на реката Азат, вуклучувајќи го езерото и блискиот Гегардски манастир се наоѓаат на УНЕСКО листата на светско наследство.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Видете уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Институт научной информации (Академия наук СССР), Всесоюзный институт научной и технической информации. Реферативный журнал: География, Издање 1. Изд-во Академии наук СССР., 1985